Штом се споменува во оваа книга Ишмаилизмот и сигурно тајните редови на Hashâshīn, ќе се најде време да се прочита
Иако не сум голем фан на вакви романи...
Сигурно ќе се прикаже едно езотериско учење дека може да го замати умот на оние кои ќе се зафатат да го проучуваат и да го искористат истото...
Дека врвот го узурпира законот
Ама ок, роман си е роман.
Романот е резултат на долгогодишно истражување за тајните редови на Асесините, точно, да, тоа е тематиката на сите вакви романи. Но, идејата за овој роман ми дојде кога ги читав постовите на
@pozdrav eden topol.
Токму затоа, нема да ме мрзи да ја земам книгата и да препишам еден пасус, можеби ќе ме сфати што сакам да ѝ кажам.
„Никој, освен Алах и непознатото небо веќе нема надн ас. За двјацата знаеме многу малку. Така што можеме, еднаш засекогаш, да ја затвориме книгата со неодгатнати гатанки... Сега засега, доволно ми е од светот. Не знам подобра работа од тоа, чекајќи во ова засолниште на одгатнување на последната гатанка, да ја довршам до последната подробност бајката за нашите верни деца.
На старецот што го познава светото му личи на луѓето да им го открива светот преку приказни и метафори. Колку работа има уште пред мене!
За наивните прости верници мора да измислам илјада и една приказна за почетокот и настанувањето на светот, за џенетот и џенемот, за пророците, за Мухамед, Али и Махди. Вториот степен, верниците што војуваат, бара, пред сѐ, јасен правилник со сите заповеди и забрани.
Бајките ќе мора да ги оковам со начела и ќе мора да им составам цела книга со основите на нашето учење. На федаините мора да им ги откријам првите големи тајни на исмаилството.
Куранот, демек е комплицирана книга на која ѝ е потребен посебен клуч да се протолкува. Уште повисоките, оние што ќе бидат зрели да станат даи,
ќе слушнат дека ниту Куранот не ги содржи последните тајни. Тие подеднакво се распоредени
во сите релегии. Оние, што ќе служат да станат покраински даи, ќе го дознаат
страшното врховно начело на исмаилството: Ништо не е вистинито, сѐ е дозволено. Но ние, кои ги држиме во рацете сите конци на овој механизам, ќе ги зачуваме нашите
последни мисли за себе“.
Нема да кажам НА ЖАЛОСТ, оти ниту ми е жал, ниту ми е страм..но Аркантосе, зарем постои прав верник на овој свет кој стопроцентно го живее животот како што бог ни налага и како што пишува во светите писма?
Нема ниту еден.
Напразно зборување нема, оти и во празното има нешто што ќе ти даде некоја мисла.
Ако зборуваш за христијанскиот Бог, можам да ти кажам дека тој не рекол дека не треба да грешиш, дека треба од почеток до крај да ги почитуваш неговите правила и ниту еднаш да не паднеш, но рекол дека гревовите можеш да ги измиеш со вистински пост, искрено покајание, молитва и вистинска вера и љубов. Да, има и непростливи гревови, но само сети се на Лот и ќе сфатиш за што ти зборувам. Ако не знаеш кој е Лот, ете ти уште една тема на гуглање.
И не можеш да речеш дека нема ниту еден... Има еден аргентински поет, кој многупати до сега сум го цитирал низ постовиве... вели: кој рече дека не постои љубов на оваа планета, само што една бомба предизвикува поголема бучава од милион прегратки.
Така е и со вистинските верници.
Посебно прашање, до @Хептаграм XI:
Знам дека темава не е за тоа, но цел ден ви ги читам работите на блогот и страната, и иако знам дека што и да прашам, поради непосветеноста во редот не би можел да ми ги одгатнеш целосните суштини... и не го барам тоа, но ме интересира,
дали вашето учење се позајмува со идеите на Тајната книга на Богомилството, или можеби со Хермес Трисмегистос, бидејќи во основа, ова е продолжена рака на манихејството, колку и да е со „затскриена“ тематика...