Дефинирај сакатење и бидејќи по некоја логика „сакатење“ потсетува на уништување или деформирање во негативна конотација, зошто би сакале да сакатиме некој во било која форма, кој што во иднина ќе биде рамо до рамо со нас?
Искасапени сигурно не сакам да стојат до мене, нема да може да помогнат ако јас паднам некаде по патот ..
Знаеш иницијаторски системи кои ги касапат намерно луѓето кои бараат иницијација во ницните редови?
П.С. Неофит = нов аспирант?
М, знам антропологија, историја на човештво и религии, фолклористика и во сѐ што ти набројав убаво го имам научено иницијацискиот „обичај“ за различни „позиции“, а гледајќи дека ти си поминал еден „карактеристичен“ премин мислев ќе сфатиш за какво сакатење станува збор. Исто така, сакам да знаеш дека не беше прашање со кое сакав да навредам, осудам, или исмеам, туку за да ја сфатам суштината на редот, култот (иако од блиц гледање на страната, сфатив дека не сакате да се нарекувате култ).
Тоа е обредно сакатење и воопшто не треба да значи дека човекот што ќе е до тебе „е осакатен“ туку значи дека има „белег“ на телото што ќе му ја означи транзицијата на успешната иницијација. Пример, иако станува збор за митско племе, за да биде јасна разликата во „сакатењето“ така ќе ти објаснам. Во племето Амазонки, ова е ловечко општеството, девојките биле ловџики, и кога оделе во изолација (зборуваме за тогашна вистинска изолација), покрај сите искушенија, првото искушение било, да ја преживеат ампутацијата на левата града... Логички, морало да можат постабилно да ги чуваат стрелите. И ова ти е типично и језиво дури сакатење...
Ама, пример на подоцнежниве монотеистички религии, кога машките се обрезуваат, исто така е „сакатење“ преминува „подготовка за премин од еден во друг стадиум“, ама тоа не е језиво, дури и е хигиенско сакатење...
А симболичното сакатење: еве христијаните, кога се крштеваш ти отсекуваат коса од главата.
Е сега, да објаснам зошто одбивам да употребам друг збор. Иницијацијата како „вовед, премин“, претставува подготовка на иницијантот: духовна и физичка, за да ги истрпи сите искушенија, а искушенијата можат да бидат секакви... во кои од себе оттргнува многу напластени и непотребни особини за она во што се претвора... и се ваја во друга личност. Тој „елемент“ што потоа отсуствува е како тапија за она што го минал. А и секако, отстранувањето на работи, секако се сакатење.
Влегуваш во затвор, иницијант си во затвор, ти ја шишаат косата. Мора да си осакатен, оти слободата ти е осакатена секако.
Влегуваш во манастир, иницијант си монах, ти ја менуваат облеката, се изолираш, а ако ја преминеш иницијацијата, го менуваш и името. Две сакатења, едно за напуштање на овој свет, еден за чистилиштето, и едно за пустиножителскиот живот кој ќе го отпочнеш.
А неофит, би му дошло синоним за иницијант, токму поради тоа „нов аспирант“.