Куче изгриза четири деца и една жена

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Срамота, жално...немам зборови..па до кога вака ќе се однесуваме и ќе прогледуваме без никој да ја понесе одговорноста за напад на кучиња врз луѓето, кој ќе одговара за изгубени животи поради бесно куче, осакатени истрауматизирани дечиња...језиво!?????
Вчера во населба Аеродром драма се водела, грозна глетка на присутните на тој немил настан, обиди да се отргне бесното куче кој ги нападна четирите деца и жената...Каде се од здружението анима мунди, гласни беа да бараат казна за човек што отепа куче а никаде ги нема да се огласат кога човек ке биде изгризан и усмртен од куче???:mad:mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Без гајле, ендорфинот стај го на кец - се работи за домашно куче. Фатено е, му се бараат газдите, се надевам ќе си лежат за немилиов настан.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and incule

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Без гајле, ендорфинот стај го на кец - се работи за домашно куче. Фатено е, му се бараат газдите, се надевам ќе си лежат за немилиов настан.

Не те разбирам, зошто јас мојот хормон на среќа да го ставам на кец(надокнада ќе биде со чоколади после), велиш да немам гајле оти било домашно куче а што е разликата ако било куче уличарче, сопственикот го нема а (карактерот на кучето го отсликува карактерот на газдата)...тоа дека ќе лежат е мисловна именка, познавајќи ја правдата во оваа држава...и...што ни преостанува, како да се заштитиме од напад на бесни кучиња!?
Скоро секој ден наидував на глутница кучиња кои некогаш ќе ме спобркаа а некогаш не ме ни регистрираат и не се тргаат од патот, додека одев со точак на работа...јас знам кои се тоа стресови.

Затоа подржувам труење и убивање на кучиња се додека некој не превземе други мерки за заштита на луѓето...па нека се бунат сите љубители на животни, нека апелираат овие од анима дунди за заштита на животните...:mad:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Абе секој би се смирил брзо,штом му е далеку од газот,кога би биле директно наши деца нападнати и искасани до смрт,незнам тогаш колку лесно ќе се смириме!?
Мислам дека тогаш нема да ни биде доволно ниту што ќе лежат во затвор ниту ништо!!
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: pozdrav eden topol

pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Лошо е тоа што мора обичниот граѓанин да се снаоѓа како знае и умее а градоначалниците и општините мува не ги лази..гледаат дупки да пополнуваат а не човечки животи да спасуваат.:(:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Анима Мунди па што се просто загрижени за животните, тоа страшно едно. Да прекинат да им се даваат донации, ќе се види колку се посветени... не дека вака веќе не се гледа.
Реално, не гледам што може да се направи моментално. Ко мислиш дојде живот, па еве сите сме со 30к плата, животните вакцинирани и згрижени пошто може да си дозволиме од платите и за нив да дадеме, улици и патишта средени, абе цвета. Тоа градоначалниците сите до еден еве 27ма година се посветени на народот, во 21ви век ветуваат инсталација на вонвселенски ствари ко канализации, рецимо, само уште кучињата-скитници остана да ги средат.

Греота што се случило, ама тоа е кога говедо од газда ќе пушти домашно куче во надворешен свет. Дали било тепано, па е агресивно, или е одбранбен систем од непознато, небитно, газдите се за ќотек.
Башка што таблоидиве претераа со глупи наслови и непроверени вести.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не те разбирам, зошто јас мојот хормон на среќа да го ставам на кец(надокнада ќе биде со чоколади после), велиш да немам гајле оти било домашно куче а што е разликата ако било куче уличарче, сопственикот го нема а (карактерот на кучето го отсликува карактерот на газдата)...тоа дека ќе лежат е мисловна именка, познавајќи ја правдата во оваа држава...и...што ни преостанува, како да се заштитиме од напад на бесни кучиња!?
Скоро секој ден наидував на глутница кучиња кои некогаш ќе ме спобркаа а некогаш не ме ни регистрираат и не се тргаат од патот, додека одев со точак на работа...јас знам кои се тоа стресови.

Затоа подржувам труење и убивање на кучиња се додека некој не превземе други мерки за заштита на луѓето...па нека се бунат сите љубители на животни, нека апелираат овие од анима дунди за заштита на животните...:mad:
Болдот - Знаеш дека отровот се расфрла по паркови и јавни места каде играат мали дечиња, така?
Толку од „совесниот“ граѓанин кој патем со ваквото локално шерифување не е ништо поразличен од оние говеда од газди на погоре споменатото куче.
 
pozdrav eden topol

Истакнат Член
10 ноември 2017
606
347
63
Болдот - Знаеш дека отровот се расфрла по паркови и јавни места каде играат мали дечиња, така?
Толку од „совесниот“ граѓанин кој патем со ваквото локално шерифување не е ништо поразличен од оние говеда од газди на погоре споменатото куче.

Одавна, барем јас не сум видела, мали деца без родители да си играат по паркови, на тревата која е посеана со кучешки измет од совесните(нели)стопани на домашните миленичиња и се разбира на кучињата скитници.
Саладинчо, отров не се фрла така, се става на парче месо или некоја друга храна поред контејнер или на некое друго место...но досега во мојот живот немам чуено дека некое мало дете настрадало од фрлен отров..така да не ти држи моабетот.
Боље е сите да шерифуваме и да спречиме несакани. опасни по живот напади од разјарени кучишта отколку да гледаме хорори, да се трауматизираат луѓе, физички и психички да се осакатуваат и не дај боже, знаеш и ти, си чул сигурно дека неколку напади од кучиња завршија смртоносно.
 
Последна промена:

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30

Куче не напаѓа туку така,без причина и не немора да се отрујат туку домашните кучиња да се шетаат со тоа на уста,незнам како се викаше а уличните кучиња да се приберат на едно место а не тој да ми се шета,заборавив како беше и на телевизија изјавил дека не е негова работа
 
Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Не те разбирам, зошто јас мојот хормон на среќа да го ставам на кец(надокнада ќе биде со чоколади после), велиш да немам гајле оти било домашно куче а што е разликата ако било куче уличарче, сопственикот го нема а (карактерот на кучето го отсликува карактерот на газдата)...тоа дека ќе лежат е мисловна именка, познавајќи ја правдата во оваа држава...и...што ни преостанува, како да се заштитиме од напад на бесни кучиња!?
Скоро секој ден наидував на глутница кучиња кои некогаш ќе ме спобркаа а некогаш не ме ни регистрираат и не се тргаат од патот, додека одев со точак на работа...јас знам кои се тоа стресови.

Затоа подржувам труење и убивање на кучиња се додека некој не превземе други мерки за заштита на луѓето...па нека се бунат сите љубители на животни, нека апелираат овие од анима дунди за заштита на животните...:mad:
Кучето било домашно. Не дека меѓу уличните нема агресивни но знам дека се многу помили и побезопасни од домашните. И дали решението е во тоа што ќе ги отруеш??
Као демек нема пак да има надвор кучиња и готово проблемот се решил? Таква организација имаме што прво отруеното куче ќе ти смрди под прозор со недели, да не збориме за тоа ако некое дете дојде во контакт со отровот. Некој ќе сака да згасне живот на невино куче а на крај некој може да плаче за чедото свое.
Утре пак некој болесник ќе го пушти надвор своето агресивно куче користено за борби кое ќе биде опасност за луѓето. Има болесници што ќе го тепаат твоето дете и без куче да пуштат надвор, пример настанот во Зебра од пред некој ден. Со ваквите луѓе што правиме, нели се поопасни од невини кучиња кои не се опасни?
Проблемот лежи во општините, во градот. Кучињата треба да се соберат и да се однесат во стационар но не како оној Вардариште каде ќе бидат умрени, туку во некој со услови. Сфаќам секој се грижи за својата безбедност, но психички болно е да расфрлаш отров за да убиеш куче, маче или што и да е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and incule