|Гласање| Пишуваме на зададена тема: "Te сонувам во ѕвонлива тишина"

Гласање:


  • Вкупно гласале
    14
  • Poll closed .
Статус
Затворена за нови мислења.

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Гласањето останува отворено до петок. Победникот добива карти за кино и отвара нова тема.
Епа бујрум читајте, гласајте:)


Во полу темнина ти пишувам стихови,
Некогаш звукот на твојот глас
Ме прогонуваше во ноќите тивки,
А сега тишина
Украдена тишина,
молк,
Ми се допаѓа кога молчиш.
Длабоко го вперуваш погледот во мене
Со очи полни ѕвезди.
Чинам јаве си,а не сон.
Со восхит
го набљудувам твоето цврсто тело
Заробена од твојот поглед,
Не можам да ги тргнам очите,
Сакам да ја запомнам секоја сенка
Блесокот на твојата кожа
Како бронзена статуа,
Тело кое се дава и зема
Одново и одново
Свеж допир на лицето
И дланки полни машкост.
Не е лажен сон
Ги слушаш ли звуците на камбаната
Потсетуваат дека
Љубовта е вечна
Додека човекот живее и љуби.

Остани недостижна,
и ќе ти ја откријам тајната на вечноста,
биди ми сон поголем од среќа,
од твојата мека коса исплетен,
и ќе ти исковам црвени дождови во очите,
напиј се од мојата крв во ноќта,
затоа што само неа ја имаме,
и слушни ја светлината на новата месечина,
сокри ме во твојот молк,
и ќе те сокријам јас во мојот,
рашири ги крилјата и летај со мене во таа тишина,
дур не го допреме ковчегот на времето,
а кога тишината ќе стане неподнослива,
слушни го срцево во ѕвонењето на твоите потпетици и осети го небото под себе,
чекори и остави,
нека бијат камбаните за вљубените,
затоа што ние сме само нивното ехо и се што имаме.

Те сонувам во ѕвонлива тишина

Ја чувствувам твојата близина,знам дека не си ме заборавил.
Понекогаш доаѓаш и ме гледаш од далеку. Без да знам.
Чувствувам.
Ги знам твоите мечти.
Знам дека сеуште имам дел во нив.
Те има и тебе покрај мене.
Седиш немо.
Уживаме во мирисот.
Јас уживам,знам дека и ти.
Меѓу нас од секогаш владееше тишината.
Она што одѕвонуваше беа само звуците што твоите прсти ги твореа.
Некогаш.
Некаде.
Еден ден.

Те сонувам во ѕвонлива тишина (хаику)

Да те посакав
Немаше да ти признам
Дека те љубев

Мрачна ќелија, језива тишина
чудни ноти, непознат ѕвон, костреш на ушните тапанчиња
Ѕидовите растат, просторот се стеснува
ладен камен на срце и болен крик
борба за воздух и препелкање како риба на суво
Рипам од кревет облеана во студена пот, грчевито стискајќи го јорганот со кој се прекривав преку глава
сеуште во бунило сакам ушите да ги затворам
не, не сакам да те сонувам во тишината на ѕвонот на твоите чекори
ЗА КОИ ЗНАМ ДЕКА ОДАТ ТАМУ ОД КАДЕ НЕМА ВРАЌАЊЕ.

Ти ми ги дари сите дождови,
и во душава пролетта ја донесе,
небо под мене,
ѕвезди над мене создаваше,
месечинки на месечинката
секоја ноќ на дланки и носеше,
во тишината звонлива,
сон во коси и плетеше,
на перница од насмевки,
со твојот шепот ја заспиваше,
и се будеше таа во утрата со очи сончеви,
иако сонце никаде немаше,
брош од светлина искова,
на нејзиното срце го подари,
светлината негова,
и во смртта ќе ја видиш.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Гласањето останува отворено до петок. Победникот добива карти за кино и отвара нова тема.
Епа бујрум читајте, гласајте:)
Победникот треба да пише едно вакво дело и за ЦБ брошурата:DD
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Честитки @incognito, повели отвори нова тема :).
За картите исконтактирај го Ipopovski.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
@Makedonec сака ауди, @misti.diva orhideja сака точак, @Ita вели зошто и се карти за во кино, @lady moon вели најдобро ти да си отвориш тема, драма се сторивте сите, нешто не е во ред со мене или со вас, навистина не ми е јасно, а можеше да се отвори тема и да се гледа филм, едноставно.
 

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Бре мајката, никој не сака поклон влезници за во кино:)
Имам идеја, подарете и ги на @incule, мислам дека она би им се израдувала а и заслужила, најактивна ви е на форумов:*
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: incule and escape
Статус
Затворена за нови мислења.