Пишуваме на зададена тема:" Te сонувам во ѕвонлива тишина"

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Црнобели творци и креативци, време е да го живнеме и поетсково катче оти некако со месеци ни е заспано.
Од денес повторно го активирам натпреварот во поезија и проза на зададена тема.
Натпреварот ќе трае еден месец, односно тема ќе се отвара на секој први од победникот а три дена пред крај на месецот ќе биде гласањето со анкета.
Правилото е исто како и во натпреварот во фотографија, делото треба да е лично ваше, а за најдобриот овојпат следуваат и карти за во кино.

За сефте после паузата темата е од мене па ајде бујрум поети и поетеси, сонувајте:)
 
Последна промена:

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Во полу темнина ти пишувам стихови,
Некогаш звукот на твојот глас
Ме прогонуваше во ноќите тивки,
А сега тишина
Украдена тишина,
молк,
Ми се допаѓа кога молчиш.
Длабоко го вперуваш погледот во мене
Со очи полни ѕвезди.
Чинам јаве си,а не сон.
Со восхит
го набљудувам твоето цврсто тело
Заробена од твојот поглед,
Не можам да ги тргнам очите,
Сакам да ја запомнам секоја сенка
Блесокот на твојата кожа
Како бронзена статуа,
Тело кое се дава и зема
Одново и одново
Свеж допир на лицето
И дланки полни машкост.
Не е лажен сон
Ги слушаш ли звуците на камбаната
Потсетуваат дека
Љубовта е вечна
Додека човекот живее и љуби.
 

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Остани недостижна,
и ќе ти ја откријам тајната на вечноста,
биди ми сон поголем од среќа,
од твојата мека коса исплетен,
и ќе ти исковам црвени дождови во очите,
напиј се од мојата крв во ноќта,
затоа што само неа ја имаме,
и слушни ја светлината на новата месечина,
сокри ме во твојот молк,
и ќе те сокријам јас во мојот,
рашири ги крилјата и летај со мене во таа тишина,
дур не го допреме ковчегот на времето,
а кога тишината ќе стане неподнослива,
слушни го срцево во ѕвонењето на твоите потпетици и осети го небото под себе,
чекори и остави,
нека бијат камбаните за вљубените,
затоа што ние сме само нивното ехо и се што имаме.
 
Последна промена:

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Те сонувам во ѕвонлива тишина

Ја чувствувам твојата близина,знам дека не си ме заборавил.
Понекогаш доаѓаш и ме гледаш од далеку. Без да знам.
Чувствувам.
Ги знам твоите мечти.
Знам дека сеуште имам дел во нив.
Те има и тебе покрај мене.
Седиш немо.
Уживаме во мирисот.
Јас уживам,знам дека и ти.
Меѓу нас од секогаш владееше тишината.
Она што одѕвонуваше беа само звуците што твоите прсти ги твореа.
Некогаш.
Некаде.
Еден ден.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Те сонувам во ѕвонлива тишина (хаику)

Да те посакав
Немаше да ти признам
Дека те љубев
 

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Мрачна ќелија, језива тишина
чудни ноти, непознат ѕвон, костреш на ушните тапанчиња
Ѕидовите растат, просторот се стеснува
ладен камен на срце и болен крик
борба за воздух и препелкање како риба на суво
Рипам од кревет облеана во студена пот, грчевито стискајќи го јорганот со кој се прекривав преку глава
сеуште во бунило сакам ушите да ги затворам
не, не сакам да те сонувам во тишината на ѕвонот на твоите чекори
ЗА КОИ ЗНАМ ДЕКА ОДАТ ТАМУ ОД КАДЕ НЕМА ВРАЌАЊЕ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and corki

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Натпреварот го оставаме уште утре отворен и викендов ќе избереме победник па од понеделник со нова тема и нов натпревар :)
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ти ми ги дари сите дождови,
и во душава пролетта ја донесе,
небо под мене,
ѕвезди над мене создаваше,
месечинки на месечинката
секоја ноќ на дланки и носеше,
во тишината звонлива,
сон во коси и плетеше,
на перница од насмевки,
со твојот шепот ја заспиваше,
и се будеше таа во утрата со очи сончеви,
иако сонце никаде немаше,
брош од светлина искова,
на нејзиното срце го подари,
светлината негова,
и во смртта ќе ја видиш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Achernar