Гуглајќи без везе, онака колку време да ти помине и повкусно да ти биде кафето
листаш и само летимично прелетуваш преку пишаните зборови( не оти нешто ми влага во умот)
и очиве ми застанаа на наслов-Како да си направите фамилијарно дрво
.
Можеби има ваква тема, но искрено да си признам дека јас ништо не знам за моите предци, за мојата фамилија и нејзината историја..па дури и криво ми падна .
Почнав таму да пополнувам информации, но останав само до баба ми и дедо ми, понатаму ништо.
Навистина ме интересира дали некој од луѓево, од младиве генерации ги интересира кои биле нивните предци, од кого потекнуваат, кои им биле нивните гени, болести, какви карактери...мошне занимливо ми дојде ова прашање...барем на десет поколенија да им ја знаев историјата
Младиве само селфи си прават сами на себе, многу -многу не сакаат да се сликаат со нивните родители..заклучок од тоа..кога ќе остарат нема да имаат слика ни да се подсетат за нив а за баба и прабаба, да не правиме моабет.
Толку работи не интересираат во животот а она најважното што би требало да го знаеме и чии корени влечеме воопшто не не интересира
Колку Вие ја познавате историјата на вашето семејство??
листаш и само летимично прелетуваш преку пишаните зборови( не оти нешто ми влага во умот)
и очиве ми застанаа на наслов-Како да си направите фамилијарно дрво
.Можеби има ваква тема, но искрено да си признам дека јас ништо не знам за моите предци, за мојата фамилија и нејзината историја..па дури и криво ми падна .
Почнав таму да пополнувам информации, но останав само до баба ми и дедо ми, понатаму ништо.

Навистина ме интересира дали некој од луѓево, од младиве генерации ги интересира кои биле нивните предци, од кого потекнуваат, кои им биле нивните гени, болести, какви карактери...мошне занимливо ми дојде ова прашање...барем на десет поколенија да им ја знаев историјата

Младиве само селфи си прават сами на себе, многу -многу не сакаат да се сликаат со нивните родители..заклучок од тоа..кога ќе остарат нема да имаат слика ни да се подсетат за нив а за баба и прабаба, да не правиме моабет.

Толку работи не интересираат во животот а она најважното што би требало да го знаеме и чии корени влечеме воопшто не не интересира

Колку Вие ја познавате историјата на вашето семејство??

Можеш да си направиш едно семејно дрво, има премногу идеи на интернетов...на жалост јас немам и ниту знам од каде би можела да изнајдам било какви информации за моите прапрабаби и дедовци...би сакала да знам што луѓе или нелуѓе биле, што работеле, од што боледувале, дали носам некој нивен белег или не..многу работи ме заинтересираа