Прво и основно, муабетот поврзан со Бугарија, а и секоја друга држава која има поголема плата и стандард: нормално дека животот е барем малку подобар кога (како што кажав) просечната плата и животниот стандард им се повисоки. Нема тука дискусија.
Кога сме веќе на муабетот за работа во странство, увек викам: подобро ќе бидам продавач (ете, не сум размислувала за чистење на вециња) во странство, оттколку да бидам продавач во Македонија. Поентата ми е: дури и да работиш понеисплатлива работа во странство имаш повеќе корист, поголема плата и подобар однос со шефот, а богами и муштериите. Пример, работам во Америка 4 месеци (попатно без проблем наоѓам уште 2 работи) и на крајот шефовите ми ветуваат доколку се вратам наредната година добивам поголема плата за 12%, плус повеќе работни часови доколку сакам. Не сакам ни да зборам кој однос го имаат шефовите кон тебе, а у принцип си никој и ништо (сепак си само еден работник во туѓа држава) и доаѓаш од толку мала и непозната држава. А тука одиш на интервју за работно место - продавач во бижутерија, шефицата ти нуди 10.000 денари плата, без дозвола за седење и јадење. Ако си јадел пред да дојдеш на работа, океј, ако не, гладувај си. Со ова се надоврзувам на муабетот за тоа како работодавалците не знаат да ги мотивираат своите вработени. Прво нека научат како да создадат нормален однос со своите вработени, па потоа збори колку и дали сакаме ние помладите да работиме. Се нема е***а етика и почит во државава. Секој мисли дека може да биде шеф. Луѓето од странство повеќе ги ценат младите Македонци како свои вработени оттколку нашите тука во Македонија. И како да сакам да останам?