Боенки за спокоен ум

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Не знам дали сте заприметиле, но актуелни се боенки за возрасни, за релаксирање после работа. Дали некој сериозно би се нафатил да бои во боенка за да се релаксира, а не на пример да гледа телевизија или да оди на прошетка или да спие ?
Што мислите вие, дали е ова само губење време или па има некаков ефект, а за тие што си бојат дали ве смирува и релаксира ?

download.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Не е баш за тука темава, но нема везе.
Ако е боење ради бегање џабе е.
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
Јас си штампам боенки од интернет и со малата дома си боиме, дискутираме за ликовите и слично. Мене ме релаксира а и малово го држам понастрана од телевизорот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос and malo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Не е за во играчница, него за во психологија.
Ај да не бидам ептен скржава :zelen
Има нешто во процесот, не дека не, ама е многу различно и далеку од тоа да почнеш од нула, односно бела хартија. Вака само боење, поготово ако се води човек од „небо сино, трева зелена“ не верувам дека може нешто многу да помогне. Можеби само моментално и краткотрајно. Спокоен ум нема дури не се соочиш со бучавата. Од друга страна кога човек би зел да црта, слика, пишува, содава нешто, било што, ама целосно од себе, и ако си дозволи себеси потполна слобода, ќе се случи нешто сосема друго. Исполнување на цртежи кои некој друг ги нацртал, мене ме нервира, ми е ко следење на наметнати насоки и правила. А баш тие наметнувања се проблемот за неспокоен ум уште во старт.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос and malo

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Лејди пааа зависи бе, зошто во психологија, дека треба да те релаксира и да прави да имаш подобра концентрација. Јас не би можела да се релаксирам со чудото, зошто гледав слики на интернет има премногу ситни мали работи за боење што ќе ти направат дополнителна нервоза. Овие ми се онака за девојки што се уметнички души. Еден месец ќе ми треба да обојам еден лист.
Боени за дете кога си се сосема ок, кога си постар добар начин да се опуштиш е да спиеш, да одиш на прошетка или да пиеш алкохол. (sun)
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
У принцип, боење боенка за постар чоек или некој нервозен е баш погодена работа.
Земаш дрвена или маслена боичка во рака, ставаш раката врз боенката и раката почнува сама да ти се тресе и ете ти.... боиш а не си свесен дека боиш хахаха.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Како бе... па нема да се изнервираш ако излезеш од линијата, баш заради тоа тресење на рака хахах ?
 

Falanga

Истакнат Член
10 април 2016
350
293
173
42
тоа башка работа, додавање бензин на огнот му доаѓа
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Лејди пааа зависи бе, зошто во психологија, дека треба да те релаксира и да прави да имаш подобра концентрација. Јас не би можела да се релаксирам со чудото, зошто гледав слики на интернет има премногу ситни мали работи за боење што ќе ти направат дополнителна нервоза. Овие ми се онака за девојки што се уметнички души. Еден месец ќе ми треба да обојам еден лист.
Боени за дете кога си се сосема ок, кога си постар добар начин да се опуштиш е да спиеш, да одиш на прошетка или да пиеш алкохол. (sun)
Во психологија, баш заради сето шо го напиша - ситни детали те прават нервозна, те нервира ако излезеш од линија итн. Алкохол за да се опуштиш? :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Headache