Сакам да кажам/Сакам да прашам

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Па можеби и не си во право. Порано се чинело дека невозможно е белците да ги гледаат црнците како рамни на себе и невозможно било да се замисли жена да учи, да работи, да има права како и мажот... се ке биде во свое време, ама за да биде не треба да се откажеме само затоа што ни се чини невозможно. Невозможни нешта се случуваат секојдневно, затоа и е вреден овој живот, бидејки е борба со невозможното.
Неќам да те растажам,но вистина е дека е невозможно.
Кампањата против пушењето трае децении,па нема некој голем ефект,зборам со кампања.Ако се остави само на драга вољја,ништо нема да се смени,се ќе си остане по старо.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
6 типа на фејсбук пријатели
една кратка лично моја анализа (ми беше досадно (wasntme))

1) Романтичари
Овој тип на луѓе се најнеоригиналните. Доколку е во врска, вашиот пријател постојано објавува фотки од заеднички поминатите моменти со својата сродна душа, со клише љубовни реченици/цитати и со многу срциња, кисови, намигнувања и нормално мора да има некој фиилинг (најчесто заљубено, сакано, посакувано, фантастично итд). Можно е вашиот пријател да не е во врска, а пак да објавува цитати, патетични љубовни изреки што се вртат по фејсбук во секоја минута по сто исти статуси, и да е опседнат/а со тоа дека вистинската љубов постои а дури не сте ни знаеле дека некогаш имал/а врска, па се прашувате како е толку запознает/а на тоа поле. Дали овој тип на луѓе студирале на некој универзитет на отсек 'вистинската љубов, вистински сигнали'? Многу веројатно.

2) Недостапни
Овој тип на луѓе скоро и никогаш да не објавуваат ништо. Немаат скоро ништо на својот ѕид, а слика од себе ставиле на профил само за вие да не им додевате. Најчесто не можете да ги најдете на фејсбук, така да ако ви е нешто итно, а немате кредит, заборавете дека ќе ги добиете нив. Можеби ќе ја видат вашата порака за некој месец дена. Постојано во друштво кажуваат како фејсбукот не го користат и имаат попаметни работи од тоа да седат на интернет незнамтамуколкучаса дневно. Ве оставаат со отворена уста кога ќе ви кажат дека претходната вечер изгледале 6 филма од по саат и пол на својата огромна плазма. Да, многу подобро го користиш времето, другарче ; )

3) Чекирачи (се чекира насекаде)
Овие ми се најинтересните. Доколку ви се допаѓа некој/а чекирач/ка, тоа е огромен плус за вас. Постојано ќе знаете каде е, со кој е, како изгледа, зошто нели, со чекот мора и да следи една фотка, ако не се убаво излезени, тогаш ќе ја пикнеме во коментар. Сепак не лажеме, ама не ставеме на видело, мрсна ни е косата. А најдоброто е тоа што знаете и каде одат во петок! Сања абвгдѓева оди во петок во клуб Санторино на Мајами! Што сакате повеќе од ова? А треба ли да напоменам дека овој тип на луѓе најчесто се и најголемите лајкувачи? Ви ставаат лајк на се и сешто, па дури и да сте објавиле рок песна а тие мразат рок од дното на душата. Пријатели засекогаш : )

4) Викторија Сикрет вана би
Ова се оние најубавите. Добро, не мора да значи. Сите ние имаме барем еден пријател кој става барем по 2 селфиња на ден, со некој добар и ударен цитат како на пример: 'Денес се разбудив ваква'. Доколку е женско, тогаш става фотки од својот нов фустан, своите фармерки, блузи, костими за капење и т д и пред секое петочно издание мора да се кликне една фотка. Доколку е машко, тогаш најверојатно повеќе става фотки од тоа како оде теретана и оној тип на цитати: "Мислете дека ваков се разбудив? Мислете дека е лесно? Не, не е лесно! Вежбај! Можеш и ти! Мора да бидеш упорен!!! #непостигнувашништосодиета #workbitch #најдобристомачни #видимигистомачните #аштоќекажишдобристомачниа? #здраваисхрана

5) Политика
Овој тип на луѓе се што објавуваат е поврзано со политика. Буквално. Најчесто, и во живо се такви но не мора да значи. Нивниот фејсбук е главно место каде можат да напишат што мислат за најновите случувања во политиката.

6) Музичари
Овој тип на луѓе се што ги интересира е музиката. Најчесто се определени за еден жанр на музика и објавуваат песни постојано, дури и десетина во еден ден. Тие најчесто не се плашат од страшниот вирус наречен "немам лајкови - не сум кул" па многу често можете да забележете да немаат ниту еден лајк. Најчесто постираат песни за кои не сте ни слушнеле, објавуваат стихови од некоја песна која не ви е позната, а и да ви е позната не можете да се сетите на изведувачот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ditto+Maker and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Мислам дека е време да се стави нова игра во играчница.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Апропо религисиве метании, СДП како иде процедурата при собир на луѓе пред црква за време на Велигден? Некој што е упатен нека ми објасни.
 

Xenia

Староседелец
4 април 2016
68
87
1,018
Narnia
Апропо религисиве метании, СДП како иде процедурата при собир на луѓе пред црква за време на Велигден? Некој што е упатен нека ми објасни.
Па колку што знам јас, имам одено неколкупати и процедурата се одвиваше вака:
Од 23:30 до 00:00 трае собирот, неколку минути пред полноќ се палат свеќи и се кружи околу црквата три пати. Сето тоа се одвива додека попот чита, и на последниот круг односно третиот ги кажува последните зборови, и накрајот сите си го честитаат празникот и по желба се кршат јајца. :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
1) ...the last chance you get to remember that you are not as good as the football team :(
2) типот шо рече дека би прифатил само ако the girl is hot, ме потсети на @Makedonec (злобниот) :zelen
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
На шолјичка си седам, гомненца си редам.. Мастика си џвакам, тебе јас те сакам :rofl:rofl:rofl

Ај сеа. Деци
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec