Издржливост на душата

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Во последно време стално се прашувам од што зависи кондицијата или издржливоста на човечката душа, колку може таа душа да трпи болка, навреда, понижување..каде е границата кога човек ќе кажe "неможам повеќе"? Дали таа граница е променлива или има лимит а знаеме дека кај секој човек е различна таа издржливост?
Велат дека "кондицијата"се учи низ животот, се стекнува со болката која го мучи и истовремено го учи:(
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Велат да но исто така велат дека и душата трпи.
Кога трпиш изложеност на навреди душата страда потоа. Тоа сакале ние или не некој ден ке ни се одрази врз здравјето.
Затоа и во некои земји се донесени многу ригорозни закони и кодекси на однесување на работно место. Ако сакате да навредувате и да нанесувате душевна болка некому можеби нема да стигнете поради тоа до суд но бидете сигурни дека ке ве одстранат од работната средина и тоа со перфиден контра удар по вашата психа дека сте несоцијализирана особа или пак дека сте неспособен во врска со работините задачи.
Што се однесува до онаа душевна болка која може секој од нас да ја претрпи како дел од семејните односи и насилството исто така во различни делови на светот различно се трпи.
Така да границата до која поединецот може да ја истренира својата душа како цел за таквото малтретирање е различна и зависи многу од темпераментот на околината во која тој живее.
Мој совет е да не си дозволувате такви испади ниту пак да дозволите некој вас да ве повредува постојано.
Ако тоа го дозволувате или правите и во двата случаи се работи за нарушена психичка состојба.
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Така да границата до која поединецот може да ја истренира својата душа како цел за таквото малтретирање е различна и зависи многу од темпераментот на околината во која тој живее.
Тоа тренирање на душа што велиш е многу чудно и несфатливо...треба ли кондицијата на издржливост на душата да се тренира со болки, трагедии, со цепење, со лиење солзи...зарем не треба да е обратно, со убавина, нежност и љубов да имаме појака душа???
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Тоа тренирање на душа што велиш е многу чудно и несфатливо...треба ли кондицијата на издржливост на душата да се тренира со болки, трагедии, со цепење, со лиење солзи...зарем не треба да е обратно, со убавина, нежност и љубов да имаме појака душа???
За мене тоа што некои велат дека тренингот на душата како последица од навредите претрпени и дека наводно од тоа штознам се зајакнувал карактерот или пак личноста ке биде појака по битките е бизарно тврдење.
Тој начин на живот не само што носи болка туку и е сигурен начин за да се западне во долготрајна депресија, а велат дека ако постои пекол на земјата-ке го пронајдете во душата на депресивниот.
Сите тие што така мислат нека си помислат само што ке се случи со душата ако се тренира на еден поинаков начин, со љубов, толеранција и облагородување.
Можно е резутатот да биде поинаков. Рај во душата, мирна совест и позитивна енергија за споделување за сите околу вас.
Не за џабе викаат дека среќните луге се убави.
 
Колку среќа е потребно за еден човек да биде среќен ??? Колку болка може да истрпи една душа?? Каде се разликуваме ми е прашањето? Воља, его, карактер, сите тие особини ги елиминирам. Правам една споредба, морбидна е но ...мајка губи во сообраќајка две деца и снаа, после еден месец умира сопругот од инфаркт, она останува сама и живеее 80 и кусур години; сите соседи се прашуваат од што и е душата што издржува толку години живот сама, како не и пукнало срцето, е сега од друга страна имаме примери на безазлени болести или некакви збиднувања каде нема човечки жртви, никакви страшни последици ама некои пукаат душевно. Ова ми е прашањето, од што ни зависи таа издржливост?
Имав прочитано едни стихови, заборавив од кого беа, еве ги тие што ми останаа во меморија-Ескимите за да направат добро игло треба долги години да носат снег во кондури...За да имаш добра душа треба секогаш на околувратникот да носиш шпенагла и тоа што поблиску закачена до вената што чука.
 
Точно е, издржливоста на човековата душа е импозантна.
Ама кој сака да живее со таа душевна болка и како му е, тоа е веке длабока тема за разговор.
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Точно е, издржливоста на човековата душа е импозантна.
Ама кој сака да живее со таа душевна болка и како му е, тоа е веке длабока тема за разговор.
Да, баш е длабока тема за разговор..незнае човек дали да им позавиди на тие што имаат поголема кондиција на душата или пак да ги сожалува:(
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Да, баш е длабока тема за разговор..незнае човек дали да им позавиди на тие што имаат поголема кондиција на душата или пак да ги сожалува:(
Да ги сватиме и да се обидеме да им пренесеме на било кој начин позитивни мисли и енергија.
Во душата на друг не смее и не треба да се влегува. Тоа е проклетство затоа што душата остава траги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ScorpioNka

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Да ги сватиме и да се обидеме да им пренесеме на било кој начин позитивни мисли и енергија.
Во душата на друг не смее и не треба да се влегува. Тоа е проклетство затоа што душата остава траги.
:eek
 
Дејви

Член со 30 казнени поени
10 март 2016
304
186
43
Така е...пример се делата од литературата.
Има многу случаи кога луге што ја читале на некој начин душата на авторот низ пишаните зборови се занеле до толку што се убедиле дека својот живот е дел од таа сторија или пак се претвориле во еден од ликовите на некој начин и влијаеле врз дел на својот живот.:rofl