Сакам да кажам/Сакам да прашам

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Денешнава гужва во парк невообичаена за еден делник.
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Кога ќе се качуваш по скалите на успехот секогаш поздравувај ги оние кој ќе ги сретнеш, зошто може пак ќе ги сретнеш, кога ќе се симнуваш !! :kafe
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Какво време , страшно време !?!?
Ах таа епрувета , зарем со толкава брзина се менуваат генерациите ,а истите влијаат на некој од старите ?! (wasntme)
Можно ли е толку да се измени нешто ,ама онака ептен брзо ?
Каква е денешнава комуникација во ова ново време , какв е тој доручек , ручек , вечера , разговор со другар , другарка , мајка ,татко ?!
Дали се е вештачко , онака електронски , така почнува да функционира светов ...
Зошто ја нема се изгуби таа комуникација , онаа комуникација која ќе се договори место и време или онаа рандом од нигде никаде , па да се навлезе длабоко во таков разговор за некоја одредена тема , па да се премине во друга ??

Се е на телефон (мобилен) само се зјапа во него , само се споделува кој што прави , кој каде бил , во дискотеките нема повеќе од 3ца кој играат на подиум ,а и тие што играат се навлечени на нешто ...
Се е зјапнато на телефон ,само нешто се сликаат демек еве , така од страна кога ги гледас се прасувас дали истите тие
се добри !
Намрштени лица , дебили еден тон , селфи курви кој се нашминкани од чело па надоле , очите како лагери им се вртат ,тоа е страшна работа (worried) , нема никаква комуникација ,а исто е и кај машките е сега кој како ги гледа и дозивува таквите работи и колку е инат да ги поднесе и не ги практикува истите иако му се наметнуваат секој дневно , јас на пример функционирам секако само не како пушач кој неможе без цигара така и јас со новокомпонираната комуникација односно мобилна апликација !!!
Многу се препуштија на неа , го уништи она време во кое се дружевме константно и комунициравме очи во очи , кога без одбивност и чудни и лигави погледи ќе започнеш разговор со непозната девојка, или обратно , кога ќе дознаеш од флаер или во маало каде ќе се излегува вечерта ,кога нема да ти наметнува некој да ставиш лајк на постот како демек ти се допаѓа иако не си доволно информиран за истото !

Некомуникативноста не можеш да ја надополниш со читање на книги , константното комуницирање мислам дека отвара многу апетити и е слика за тоа кој е кој и каква е таа личност .
Комуникацијата што ни ја наметна новото живеење кај некој помалце кај некој повеќе е не реална понекогаш лажна ,а понекогаш многу лажна , лажно протумачена .

Мислам дека многу ќе се сложат со оваа реалност ,а и многу ќе се пронајдат и мрчат и тапацираат по половиот орган , но за жал тие се тие и такви ќе си останат , тоа не треба да ги вреѓа таман работа .... (pivo)(pivo)(pivo)(pivo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Back to square one или поточно историски глеано септември 2013та.

Ти`бам здравјето и све (:|
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Кога идам на работа, се спремам ко да идам на пат... шише вода, кафе, сендвичи, мусли бар, 2 книги (да имам избор за читање), таблет со епизоди (да имам избор за гледање).
Just_Cuz_19.gif
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Колкава некултура постои кај нас, тоа е нешто невидено. Значи додека купуваш нешто или плаќаш или било што да правиш каде што треба да се има ред, тие ти се обесиле на глава и ти дишат во врат. Како демек ќе им го земат редот ако стојат каде што треба, или нозете ќе им скршат. Сељачишта глупи невоспитани, да можат во џеб ќе ти влезат.
Е баш. Пред некој ден се карав во Тинкес за тоа со една госпоѓа. Мене уште не ми ги докуцале работите шо ги земав, оваа до мене се залепила и на крај оваа продавачката ми го остава кусурот најдалеку што може и се изнервирав зошто од женава не можам да достигнам и збеснав и велам: Добро, може ли кусурот да си го земам барем? И оваа вака :eek Толку значи немаат мозок тоа е чудо едно. Или па мислеше да ми ги зграпче парите мислејќи оти брзајќи се ќе заборавам којзнае што и беше филмот.
ПС Сакам да ја нагласам разликата од невоспитаните глупачки (посебно онаа старата со наочарите) во маркетот за храна во Веро кај автобуска (џамбо) и превоспитаните и премилите и прекрасните девојки од Верото кај Кузман. Овие првите толку намуртени толку мрачни, таква некоја негативна енергија ти пуштат па ја молам да ми даде книжна дека да не ми тропат ситните во џебот цел ден на факс и ми враќа онака изнервирано со Аман, сите вие сакате книжни! Нема еве што да правам и ми се дере таму а јасно видов дека имаше да ми врати плус на дечкото пред мене му врати книжна. Толку нервозна, толку гадна уфф...
А секоја чест за девојките од Верото кај Кузман. Толку позитивни, толку насмеани, секогаш кога ќе отидам кога ќе ме пречекаат онака со насмевка, толку свежи. А баш е чудно, зошто тука кај Кузман работат обично две до три каси најмногу а има многу гужва а некако девојките секогаш успеваат да останат ведри, позитивни и да ти помогнат со што било и да прашаш без да се плашиш од туфкања, ццкања и воздишки како да копале на лозјето и како да си им побарал пари на заем.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Selene

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel

Посилно е од нив тоа, не ја гледаат жолтата линија во аптека или банка. Земале ти стојат позади тебе и гледаат, не е нормално тоа. После ќе ми се прават граѓани. Ај да живеев во Кина ќе разберев, ама вака...
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Додека Гнездо е фул и луѓе се веселат, се дружат, си пијат, играат и се смејат, на 10 метри од нив, седи мајка на клупа и плаче, додека син и лежи на под и проси.
m1501.gif
(brokenheart)
И пред трговски има што просат, и секаде, финтата е што не може да се знае кој стварно проси.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Синоќа го посетив отворањето на новава книжарница во Дебар Маало и искрен да бидам, згрозен сум од сиромаштијата во дух што одредена фела ја поседува. Кај што се шлепа за бесплатна (скапа) пијачка, па уште и кења дека истата не била убава на вкус. Друго нешо, беа расфрлани монетки од по 10 денарки на земја (ваљда за бериќет чинам) и истиве куртони се шоњаат демек пилатес играат „ден - ноќ“ па уште и си муабетат кој колку собрал од земја... Искрено.... ама ич не ги жалам. Не се тоа циганчиња кои просат, тоа се луѓе од средна класа, колку толку пристојно облечени со елоквентен речник на изразување. Мизерија од индивидуи без ималку грам достоинство.