Осеќам дека нешто фали во средината позната како РМ, некој ентитет кој ќе ја воздигне рајата, кој ќе донесе нов елан во младешките умови и конечно ќе ја упати РМ на патот кон галаксиите.
Она што фали е супер-херој.
Да речеме може да се вика Мистер Антик.
Мистер Антик бил роден како Трпе Митрефски во Градско близу Велес а бидејќи неговите родители биле нуклеарни физичари како мал го повеле со себе кога отишле на привремена работа во странство, во Пакистан кој во тоа време развивал атомска бомба.
Во нуклеарната лабораторија каде што работеле постоел колега кој потекнувал од Хунза-калашка територија.
Еден ден родителите го донеле малиот Трпе да види каде тоа работат.
Арно ама...колегата Хунза несреќно нагазил на случајно оставена прачка од збогатен ураниум и станал радиоактивен.
Трпе како и сите деца, љубопитен и палав отрчал во соседниот ходник.
А таму, разјарен и со џиш зелени очи го сретнал озрачениот Хунза!
Избезумен, му се пуштил на Трпета и го УКАСАЛ за раката.
Во тој момент за среќа се појавил еден чувар кој со својот револвер го упукал атомскиот Хунза и Трпе бил спасен.
При враќањето во Градско, Трпе почнал да осеќа извесни промени во своето тело!
Следно што знаел е дека може да ползи бешумно и да цица ануси без да се отруе.
Користејќи ги овие, и неколку други супер-моќи, Трпе конечно се претворил во Мистер Антик и тргнал во борба за правдиње.
П.С.
Се надевам дека ДЦ Комикс и Марвел ќе имаат слух за ова мал, но значаен пазар...