Многу одамна сакав да почнам дискусија за оваа тема пошто како што минува времето се почесто и почесто се среќавам со вакви случаи.
Што се однесува до овие општиве работи за темата не најдов ни иста ни слична, е би можело да се пише во табу темите но мислам дека заслужува повеќе внимание.
А што се однесува до целта на темата, мислам дека до некаде и самиот наслов кажува.
Промената што се случува од едниот или двата брачни пара откако ќе стапат во брак. Акцент посебно ставам на тие кои со години биле заедно пред да стапат во брак, со други зборови израснале заедно, знаат како дишат што се вика и од кога ќе стапат во брак може не одма но по извесен период се менуваат.
Под менуваат мислам стануваат насилни, полудуваат, стануваат алкохоличари, односите заладуваат, со денови дома не се прибираат како да се венчале со нивниот најголем непријател, а не саканата личност и така натаму да не редам.
Е сега како прашања што би можеле да се извлечат од оваа тема се:
- Зашто таа промена?
- Зашто во текот на предбрачниот заеднички живот не ја покажале таа "нивна страна"? А не верувам да не знаеле дека не се такви.
- Дали мислат дека од кога ќе стапат во брак партнерот е веќе во нивна сопственост и со него можат да си прават што си сакаат?
- Или па ги фаќа носталгија по слободата па бесот го истураат врз партнерот?
- Дали глумат (одреден карактер) во предбрачниот живот додека не дојдат до посакуваната цел односно бракот?
- И кое е нивното вистинско лице тоа пред бракот или тоа после бракот?
Доста често ваквите случаи се и причина за развод. Тука би поставила и уште неколку прашања од личен карактер кои и не мора да бидат одговорени но пошто сепак ова е форум и секакви луѓе читаат па може некој ваш одговор од некое ваше искуство ќе биде поттик за некого да се спаси од некоја ваква ситуација.
А прашањата отприлика би биле:
- Сте се нашле ли вие во некоја ваква ситуација односно дали сте го осетиле ова (погоре) на вашата кожа? - Доколку да како сте постапиле?
- Дали се случило на некој ваш близок/пријател вакво нешто? И што би го посоветувале, и дали воопшто би го посоветувале или повеќе би претпочитале да не се мешате во туѓи проблеми?
Дали ја осудивате оваа промена или мислите дека е еден нормален процес од брачниот живот?
Би ви била многу благодарна доколку не одговарате само со ДА и НЕ како и други кратки одговори.
Фала многу