Промена после бракот

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Многу одамна сакав да почнам дискусија за оваа тема пошто како што минува времето се почесто и почесто се среќавам со вакви случаи.
Што се однесува до овие општиве работи за темата не најдов ни иста ни слична, е би можело да се пише во табу темите но мислам дека заслужува повеќе внимание.

А што се однесува до целта на темата, мислам дека до некаде и самиот наслов кажува.
Промената што се случува од едниот или двата брачни пара откако ќе стапат во брак. Акцент посебно ставам на тие кои со години биле заедно пред да стапат во брак, со други зборови израснале заедно, знаат како дишат што се вика и од кога ќе стапат во брак може не одма но по извесен период се менуваат.
Под менуваат мислам стануваат насилни, полудуваат, стануваат алкохоличари, односите заладуваат, со денови дома не се прибираат како да се венчале со нивниот најголем непријател, а не саканата личност и така натаму да не редам.

Е сега како прашања што би можеле да се извлечат од оваа тема се:
- Зашто таа промена?
- Зашто во текот на предбрачниот заеднички живот не ја покажале таа "нивна страна"? А не верувам да не знаеле дека не се такви.
- Дали мислат дека од кога ќе стапат во брак партнерот е веќе во нивна сопственост и со него можат да си прават што си сакаат?
- Или па ги фаќа носталгија по слободата па бесот го истураат врз партнерот?
- Дали глумат (одреден карактер) во предбрачниот живот додека не дојдат до посакуваната цел односно бракот?
- И кое е нивното вистинско лице тоа пред бракот или тоа после бракот?

Доста често ваквите случаи се и причина за развод. Тука би поставила и уште неколку прашања од личен карактер кои и не мора да бидат одговорени но пошто сепак ова е форум и секакви луѓе читаат па може некој ваш одговор од некое ваше искуство ќе биде поттик за некого да се спаси од некоја ваква ситуација.
А прашањата отприлика би биле:
- Сте се нашле ли вие во некоја ваква ситуација односно дали сте го осетиле ова (погоре) на вашата кожа? - Доколку да како сте постапиле?
- Дали се случило на некој ваш близок/пријател вакво нешто? И што би го посоветувале, и дали воопшто би го посоветувале или повеќе би претпочитале да не се мешате во туѓи проблеми?
Дали ја осудивате оваа промена или мислите дека е еден нормален процес од брачниот живот?

Би ви била многу благодарна доколку не одговарате само со ДА и НЕ како и други кратки одговори.
Фала многу
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Убаво рекол Панта Реи-се тече, се се менува.Неможе ништо на овој свет да биде и да остане исто..нема да биде интересно,;)
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Убаво рекол Панта Реи-се тече, се се менува.Неможе ништо на овој свет да биде и да остане исто..нема да биде интересно,;)
Под тоа се тече и се се менува може да спаѓа и семејно насилство и еве викаш не би било интересно ако нешто не се менува, семејното насилство под интересно ли спаѓа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Под тоа се тече и се се менува може да спаѓа и семејно насилство и еве викаш не би било интересно ако нешто не се менува, семејното насилство под интересно ли спаѓа?
Се спаѓа во промена, во менување..од позитивно во негативно и обратно, промена на односи, емоции, здравје, карактери, желби..абе баш на се.
 

khz777

Староседелец
20 септември 2014
105
69
1,028
31
Argentina, Buenos Aires
@Ita 5 та точка Дали глумат (одреден карактер) во предбрачниот живот додека не дојдат до посакуваната цел односно бракот? Тоа ти е одговорот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не верувам дека е можна толку драстична промена во брак, посебно во врска која траела долго време пред бракот, веројатно симптомите или срањата си постоеле и пред тоа ама после бракот се засилисле под терет на новите обврски пошто обично во игра влегува и нејака чељад, сметки, арчови социјален притисок...ако двата партнери се имбецилни (а статистички тоа е скоро сигурно случај во најголем дел од браковите) тогаш и бракот ќе им биде имбецилен, насилен, тажен, ќе пропаѓаат, ќе се дебелат, на 47 ќе делуваат како да имаат 74, тоа е резултат на општата тупавост која е епидемична...

Има рурални и урбани верзии на тој феномен, некаде некој не сака да излезе од зона на комфор, некаде некои одат предалеку во тој поглед и жртвувајќи премногу, понекогаш сето тоа завршува во црна хроника а некогаш е само споро, децениско пропаѓање.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Aко двајца се во врска неколку години, мислам дека не може многу да се скрие карактерот, наравот, потребите, темпераментот...
Така да, овие промени може да делуваат фрапантно кај парови кои се земале после кратка врска (неколку месеци), ама после долгогодишна врска мислам дека ништо не може да те изненади до таа мера.
Е сега друга приказна е дали си се залажувал во текот на врската дека партнерот во бракот ќе се смени на подобро и не сакал да ја прифати вистината како таква...
Секој се менува, созрева, еволуира...кај некој средината, опкружувањето го извлекува најдоброто кај него, кај некои најлошото...
Но сепак, за некој да стане насилен, агресивен, порочен мора да си има предиспозиции, тоа не се станува преку ноќ...или си или не си таков...
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Напишав многу долг пост... и потоа чекаше 2 дена за да притиснам „Испрати мислење“ и не го испратив.
Се засрамив да го поставам јавно.
Вистината е дека не знам да зборувам за другите бракови, не сум истражувал, ниту пак сум во сечиј мозок... ама знам да тргнам од мојот брак и моите мисли и чувства... за само пет години брак сѐ се промени во мене.
Одговор на прашањето Зошто? - немам.
Можам да претпоставам дека е губењето на предизвикот, губење на неизвесноста...
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Mislam trkata da se prezivee, novite obvrski okolu potomstvoto, zanemaruvanjeto i nedoslushuvanjeto na potrebite na partnerot, neodvojuvanje na vreme za sami da bidat, netrudenjeto na obajcata da se vnese svezina vo vrskata od sekakov aspekt, fokusiranje samo na negativnite osobini na drugiot, vlijanijata od poshirokoto semejstvo i dr .se pricini za odalecuvanje i za menuvanje na dvata bracni drugari.A koga rabotite ke trgnat kon udolnica mnogu e potrebno da se ispravat vo sakanata nasoka.