Неодамна на една страна на facebook, во една од бившите југословенски републики, беше објавен апел за подигање на човековата свест и за борба против ,,насилството '' во породувалиштата. Имаше и исповеди на неколку жени кои што го претрпеле овој вид на насилство и оддеднаш сфатив дека и мене ми се случуваше нешто слично, но никогаш не сум гледала на тој начин на тоа.
Верувам дека многу жени трпат голем број непријатности при породувањето, но зошто истите ги прифаќаме како нешто нормално, дали денот кога треба да го доживееме најубавото животно искуство - раѓањето, дали тие моменти кои се од безценето значење за мајката е нормално да се претворат во хорор и дали е нормално после сето тоа да се заборават тие негативни искуства, ако е воопшто можно да се заборават.
Од друга страна пак однесувањето на медицинскиот персонал... од лично искуство ке кажам дека два при се породував, во различни болници, во различни градови и третманот е сличен, не те слушаат што и да зборуваш, тие се секогаш во право, а ти безпотребно се жалиш, разгалена си, плачка си или паничарка и нема никаква можност да си во право бидејки тие како медицински лица знаат повеке за твоето тело и твоите чувства во тој момент одколку ти самата.
Моментално ми текнува на неколку непријатности кои што јас лично сум ги доживеала и се прашувам дали истите можат да се сметаат за насилство
- Насилен и груб вагинален преглед со кој што треба да се провери отвореноста на матката.
- Пукање на водењак од страна на медицинскиот персонал без ваша предходна дозвола.
- Инјектирање на разни лекарства, најчесто провокации за напон, без ваша дозвола.
- Дерење од страна на гинекологот или сестрите кон вас, упатени навреди од типот дека сте лигла или разгалена што викате на цел глас...
- Непочитување на вашата интима, иако сте во сала за пороување, ве присилуваат да останете откриена и да бидете изложени на погледи од хигиеничарки, студенти и разни минувачи кои што во моментот случајно се наоѓаат таму од незнам која причина.
- Немањето можност да заземете позиција која што ви е најпријатна, присилувањето да раѓате во положба која ви го отежнува самото раѓање.
- Силното и безмилосно тегнење на стомакот од страна на сестите (ми кажувале за сличај кога сестрана буквално скокала по стомакот на родилката тегнејки го детето надолу)
- Сечење без дозвола на родилката
...
Сигурно има уште, еве додадете вие, кои што сте поминале низ ова или сте слушнале за туѓи искуства.
Мое лично мислење е дека понекогаш во некои случаи лекарот најверојатно мора да биде груб за да постапи правилно, но исто така сметам дека персоналот кој работи во породувалиштата, мора да обезбеди удобност и сигурност на секоја родилка.
Незнам како е во приватните болници во нашата држава, предпоставувам дека е многу подобро, но зарем треба и тоа да има цена, дали родилките кои што не можат да си дозволат да платат породување во приватна болница, немаат право на убаво и пријатно породување?