Штo знaм, јaс преднoст му дaвaм нa Скoпје зaрaди тoa штo кaжaв, згрaди и сличнo. Имaм живеенo и вo Тетoвo и вo центaр нa Скoпје и секoгaш сум oсеќaл декa е пoзaгaденo вo Скoпје. Мoжнo е и дa грешaм aмa сепaк и двaтa грaдa се зa никaде, нaјпрвo зaрaди сечењетo нa дрвaтa пa се пoнaтaму.@Altaïr не сум сигурен дали постои некоја официјална статистика, ама мислам дека неофицијално Тетово е прогласен за најзагаден.
Не горат дрва штом смрди.Вчера одев на Наковална( тоа е инаку карпа на Маркови Кули која оддалеку личи на наковална). Некаде кај економскиот факултет околу 11:30 наутро се враќав, таква смрдеа никогаш не сум почувствувал. Магла немаше многу, ама чадот од куќите каде што се греат на дрва...
Добро е што Прилеп не е толку загаден како Тетово или Битола. Намерно не го споменувам Скопје, бидејќи е каде- каде поголем од Прилеп.
Р. Ѕ. Овде можете да ја видите моменталната состојба(всушност на неколку часа се ажурираат податоците) на загадувањето на воздухот. Каде што има мерни станици.
Не е баш фејл локација ако гледаме неговото историско настанување наназад.Скопје од мајка е згрешено, како плод со аномалија, имаше една легенда за Лима во Перу мислам дека индиосите се чуделе на паметот нездрав на шпанскиве колонисти кога почнале да градат град таму и само ги тапшале по рамо демек ептен `јако` местенце сте избрале за градење...
Не само шо е згрешено а генерал Пиколомини имал најдобри намеринего и во комунизмот се исрале со форсирањето на архитектура и планови на јапански архитекти за футуристички центар накалемен на касаба, заедно со преселбите село-град и чукање индустрија во градот, за да последна мува на говното биде транзицијата и на крај пастиризмот со масакрирањето на градот.
Секој град си има специфики према местоположба, околен рељеф и клима, некаде греење со дрва не би било толку проблем, некаде колите не би биле толку проблем со оглед на број на жители арно ама во скопје секој подолг прдеж од 0,6 секунди се задржува, нема проветрување, фејл локација е, тоа е... и така ќе си станува загаден колку и кинески компани-таун ужаси со 10 милиони раја и тешки индустрии...
Па ете го затворија Југохром на некое време, ќе видиме што ќе биде со воздухот.Колку и дали воопшто че помогне протестот во Тетово?