Сакам да кажам/Сакам да прашам

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
„Сакам зелено да ми е сѐ, и целиот свет да го обоиме“ - така ви оди кампањата за „Засади ја својата иднина“ бре говеда едни!
Имате ли акал во главата?
Секое сабајле овој премиеров со по една маестрална новост ми го упропастува денот.
Пред некој ден зборувавте колку е важно да се засадат дрвата за нас, за опстанокот... а сега, како ќе објасниш тоа што го направивте ноќеска како лопови во 2 и 30?????
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Altaïr and Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
„Сакам зелено да ми е сѐ, и целиот свет да го обоиме“ - така ви оди кампањата за „Засади ја својата иднина“ бре говеда едни!
Имате ли акал во главата?
Секое сабајле овој премиеров со по една маестрална новост ми го упропастува денот.
Пред некој ден зборувавте колку е важно да се засадат дрвата за нас, за опстанокот... а сега, како ќе објасниш тоа што го направивте ноќеска како лопови во 2 и 30?????
Абе немој така бе, види треба додатни згради за љуѓенца на „независниот“ им универзитет да се вработат, небаре ќе седат на улица.
Битно ЕДНО крило од студентскиот дом е реновирано, тоа е ОГРОМЕН успех со кој се гордееме ние „маЌедонците“.
 

Io Sono

Староседелец
27 јуни 2015
422
431
673
A Galaxy far, far away...
Се уште го паметам родниот град кога бев мал. Зеленило насекаде, главната улица со дрва од двете страни, во недоглед. Откако ги исекоа градот е така пуст, гол, грд... и така е едно 20 години. За високите дрва имаа изговор дека биле високи, ќе паднеле. Во меѓувреме објекти никнаа како печурки, но и онаму каде што технички остана да биде парк, има само трева, клупи и голотија...

Ова го кажувам за сите оние што го доживувате ова како скорешна појава и си мислите дека кај и да е ќе запре и нема многу да се забележи. Не, бидете сигурни дека нема да запре и тоа што е нагрдено ќе си остане така со децении. И уште многу ќе се нагрдува и осакатува...
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Веќе почна да ми станува глупо што се само во оваа тема прашувам ама не најдов соодветна тема во подфорумот каде што треба да прашам. Туку да не знаете некоја веб страна за правење веб страни т.е од типот на webs.com само да не е таа?
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Сакам да кажам дека многу се нервирам во недела навечер гости дома да ми идат, ама оние што не ми се по ќеф. Значи ептен се нервирам времето за кулирање со филм што ќе ми го земаат и за излежавање :/
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Не се нервирај, си можела нешто да смислиш..
ама очигледно си ги сакала за гости:D