Делумно го разбирам јас што му е поентата. Се труди да напраи што подобра фотографија со помалку „отпадок“. Секако со тек на време кога учиш, се трудиш да имаш помалку што помалку промашени фотки. Но дигиталната ера го направила човекот да „подлажнува“ со тоа што ќе може да “троши многу повеќе материјал“ за да дознае повеќе. Оној кој ги прави константно почетните грешки и ради нив “троши“ повеќе трзаи на чкрапалото, никогаш и нема да биде спремен да научи и ќе биде квази стручњак во ова поле. Од друга страна оној кој пробува да го извади максимумот од својата моментална опрема со учење на секоја можна опција што му ја нуди, а сепак тоа го чини и повеќе кликање на чкрапалото, лесно ќе успее да се адаптира во секоја ситуација на фотографирање или по англиски термин ќе биде „ренесансен“ фотограф.Ето мене фотограф ми има зборувано дека тој не може да поднесе кога некој прави триста фотки за една тема и после одбира најдобра. Неговиот концепт е убаво поставување на опремата и чекање моментум Од прва, или го бива или не го бива и толку, завршува со приказната.
Секој треба да се испроба во одредени полиња во фотографијата но треба да застане онаму кај што најмногу му лежи окото. Многу ретки се оние кои имаат дарба за повеќе концепти во фотографијата.