- 17 февруари 2012
- 5,085
- 7,019
- 1,683
Помина цела една недела од моето патување во Париз и сега откако впечатоците ми "легнаа", можам да споделам нешто од моето искуство. Значи, оваа тема е посветена на главниот град на Франција, може да пишувате се што сакате поврзано за него, лични искуства (но и не мора), работи кои сте ги прочитале, работи кои ве интересираат, итн.
Најпрво, мислам дека треба да споделам дека со добра организација можете да поминете 3 дена во Париз за 200-250 евра. Во оваа цена е вклучено се: повратна авионска карта, смештај, превоз аеродром-центар/центар-авион, градски превоз (метро,бус), храна, сувенирчиња, итн.
Бидејќи ќе пишувам за моето искуство, ќе ги прескокам оние општи информации за градот (големина, број на граѓани, и сл.). Никогаш не сум била нешто посебно "загрена" за Париз како многу луѓе што се, но после ова искуство моето мислење и чуства целосно се променети. Париз е огромен град. Гледајќи го на google maps и правејќи планови за прошетки, мислев дека ќе биде изводливо се да се изоди пеш. Но, крајно многу се излажав. За тие 3 дена искористивме околу 10 возења, воглавно превоз од смештајот до одредена дестинација и назад. Чисто информативно, едно возење во метро чини 1,8 евра (2 евра со автобус), а карта со 10 возења чини 14 евра (кои може да ги користат повеќе луѓе).
Грубо наброено успеав да ги посетам: катедралата Нотердам, музејот Лувр, Тјулери градината, улицата Риволи, музејот Орсеј, Гранд палатата, плоштадот Трокадеро, Ајфеловата кула, Триумфалната порта, улицата Шанселизе, плоштадот Конкорд. Во принцип, сите овие работи се наоѓаат во долж на реката Сена што го олеснува шетањето. Имавме среќа бидејќи првите 2 дена времето беше одлично, немаше облаче на небото, сончево, топло, 17-18 степени. Поради тоа, доживеав 2 неописливо убави зајдисонциња кај реката Сена. Тоа е една од причините зошто ми се допадна Нотердам. Првиот ден, кога започнавме да се доближуваме кон катедралата имаше прекрасно зајдисонце кое небото го правеше розево, а самата катедрала виолетово-зеленската.
Нотердам не е Саграда Фамилија, но сепак е толку голема и убава. Колку од надвор, толку и одвнатре. Додека чекавме во ред за да влеземе, чукаа камбаните. Имаше стотици луѓе околу катедралата, а толку беше тивко и мирно. Внатре... сводови до недоглед. Еден човек свиреше на пијано, па потоа друг збореше, па потоа трет свиреше на оргули.
Кога излеговме од Нотердам веќе беше стемнето, па се упативме кон катедралата Sainte-Chapelle, но на мое големо разочарување беше затворена. Оттука, фативме автобус за до Ајфелова. Иако Ајфеловата кула е реално најголемата атракција на Париз, мене никогаш не ме привлекувала многу. Но, морам да призаам, навечер беше прекрасна. Токму во оној момент кога започнавме да и се приближуваме, започна да светка. Имено, навечер во првите 5 минути од секој час, кулата започнува да трепка. Тоа беше всушност најубавото нешто поврзано со неа. Ми се допадна и како е осветлена, целата позлатена, делува како наместо од метал да е направена од кристал. Супер, французите нашле добар начин како да ја разубават кулата.
Вториот ден ми беше посветен на музеи. На повеќе места прочитав дека во првата недела (as in денот после сабота) од месецот, во голем број на музеи влезот е бесплатен, вклучувајќи го и Лувр. Но, сепак влезот во Лувр се наплаќаше цели 15 евра, но под среќни услови, успеавме да влеземе за беспари (иако ги спремив моите 15, воопшто не ни размислував да не влезам). Прво и основно, самата градба на поранешниот дворец е пре-крас-на! Кога стоиш до стаклената пирамида, те опколуваат ѕидовите на палата од 18 век. Мојата шетња траеше околу 4 саати и доколку имав повеќе време, немаше да се двоумам да останам до последната минута дозволена за посета. Но, толку ми беа временските можности. Нема да прикачам сега слики од уметнички дела, бидејќи ги има премногу. Океј, ајде една од Мона Лиза, чисто во името на клише моментите.
Си видов дела на Гоја, Веласкез, Ел Греко, Караваџо, Рафаело, Давид, Леонардо, Ботичели, Фра Анџелико, Пјеро де ла Франческа, Веронезе, Тицијан, Тинторето, Микеланџело, итн. За жал не успеав да видам дела од Рубенс, Рембрант, Ван Ајк, Халс, Дирер и многу други уметници кои ги обожавам, но беа премногу далеку, а јас после 4 саати шетање бев прегладнета, дехидрирана, преизморена, па дури и ме фати ужасна сафра и едвај чекав да излезам. Добри 40 минути баравме излез, бидејќи секој напишан "Излез" водеше кон нова просторија, а и вработените со нивните насоки не ни помогнаа претерано многу. Во секој случај, посетата на Лувр за мене е незаборавно искуство. Исто така, навечер е прекрасно осветлен, шетајќи низ улиците завршив 2-3 пати во рамките на Лувр. Втората вечер си поминавме баш искулирано, седевме помеѓу Лувр и градината Тјулери, пиевме пиво и уживавме во осветлената Ајфелова.
После Лувр, го посетивме музејот Орсеј. Мојата душа се препороди тука! Во неа видов дела од Ван Гог, Моне, Мане, Реноар, Дега, Сисли, Сињак, итн. Ремек-дело до ремек-дело. До сега во мојот живот немам посетено ништо поубаво. Самата зграда беше прекрасна, поранешна железница. Веднаш над главниот влез имаше огромен часовник, а на еден од горните спратови имаше 2 стаклени надворешни часовници низ кои имаше прекрасен поглед над Сена.
Продолжувам со приказната во наредниот коментар.

Последна промена: