Дали сте задоволни од нашето здравство?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Тие двајцата пијаничишта наместо затвор да лежат заради убиство тие суспендирани се само. Па кога ќе видам како ги бранат (facepalm) глуп народ кој не заслужува ништо.

Немаме ни доктори ни сестри, така да нема да може да се затвори нешто што немаш.
Ееееееее..аман де ..во цела Македонија немало ни сестри ни доктори, ај не се забегувај до толку....недај боже да ти затреба лекарска помош, баш ме интересира каде ке одиш, во Албанија??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
За да имаме квалитетно здравство треба за секој смртен случај да им ја одземаат лиценцата и никогаш повеќе да не можат да работат како доктори, а не ко што прават ги бркаат од едно место па истите ги вработуваат во друго. Како и да го ограничат на минимален број приемот на нови студенти на медицинскиот факултет исто така и да нема воопшто приватни медицински факултети. Сепак ова е доста ако не е најризична професија така да колку помалку ги има толку подобри ќе бидат како и повеќе платени.
И заборавив исто така добро би било да прават рокади на докторите на пример од помалите градови спрема поголемите се со цел докторите од помалите градови да стекнат пракса и искуство, а тие од поголемите градови или болници еве да речеме да одат во помалите и да ја пренесат праксата што ја имаат и знаат.
 
Морам да те поправам во делот каде велиш дека треба да се ограничи на минимален број на прием на нови студенти..напротив, треба да има зголемување на бројката, здравството се соочува со недостаток на кадар, башка и од тие што ги има пола се неквалитетни(ама се деца на Јанко Петко)...технологијата оди напред, старите доктори тука веќе затајуваат а младите(ги има многу добри и амбициозни)треба да се ипратат во странство на едукација,тка се веќе други проблеми, да не почнам да ја ширам темата.
Сите во Гевгелија ги знаеја тие доктори дека пијат, зошто никој не ги пријавил досега??
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Ееееееее..аман де ..во цела Македонија немало ни сестри ни доктори, ај не се забегувај до толку....недај боже да ти затреба лекарска помош, баш ме интересира каде ке одиш, во Албанија??
За жал кај оние двајца пинаичишта.

Не дај боже некој од нас тука да има такво искуство.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
За жал кај оние двајца пинаичишта.

Не дај боже некој од нас тука да има такво искуство.
Што бараш да одиш кај пијанчишта, одиш против себе..нив треба да ги пријавиш за да бидат санкционирани а ти оди кај нормални доктори, имаме и такви, совесни и стручни, имаме...е сега ако сакаш да негираш и да го ставиш цел Македонски медицински кадар како неспособен,немам што да дискутирам за таков нереален коментар.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Што бараш да одиш кај пијанчишта, одиш против себе..нив треба да ги пријавиш за да бидат санкционирани а ти оди кај нормални доктори, имаме и такви, совесни и стручни, имаме...е сега ако сакаш да негираш и да го ставиш цел Македонски медицински кадар како неспособен,немам што да дискутирам за таков нереален коментар.
Како ќе знам дека се „пијаничишта“ коа сум отишол на ургентно да ја пораѓам жена ми? По дифолт треба да очекувам дека ќе има луѓе кадри за тоа.
Тоа што немало од една страна е кривица до луѓето што биле во таа состојба, од друга страна е што не се правело контрола цело време на медицинскиот персонал, а не кога работата ќе дојде до нож до грло. Каде е контролата тука? Кој воопшто го прави тоа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Како ќе знам дека се „пијаничишта“ коа сум отишол на ургентно да ја пораѓам жена ми? По дифолт треба да очекувам дека ќе има луѓе кадри за тоа.
Тоа што немало од една страна е кривица до луѓето што биле во таа состојба, од друга страна е што не се правело контрола цело време на медицинскиот персонал, а не кога работата ќе дојде до нож до грло. Каде е контролата тука? Кој воопшто го прави тоа?
Не ги оправдувам пијаните доктори, сакам најстрого да бидат казнети,исто така да сносат последици и цел персонал што бил на таа смена па и пред таа смена...не смееле да дозволат пијанчење на работно место, па дали ми се колеги или не,несмее тука прогледување....
Значи да се разбереме, неможеме цело здравство да го шиканираме, мора и пациентите и сите граѓани да помагаат со билокакви сознанија ако имаат, да укажуваат каде има недостатоци...секаде има ставено кутии за жалби и поплаки.
Што е работава со Битолскиот педофил, три малолетни девојчиња....е сега што,Битолчани да ги правиме дека не чинеле!!??
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Не ги оправдувам пијаните доктори, сакам најстрого да бидат казнети,исто така да сносат последици и цел персонал што бил на таа смена па и пред таа смена...не смееле да дозволат пијанчење на работно место, па дали ми се колеги или не,несмее тука прогледување....
Значи да се разбереме, неможеме цело здравство да го шиканираме, мора и пациентите и сите граѓани да помагаат со билокакви сознанија ако имаат, да укажуваат каде има недостатоци...секаде има ставено кутии за жалби и поплаки.
Што е работава со Битолскиот педофил, три малолетни девојчиња....е сега што,Битолчани да ги правиме дека не чинеле!!??
Ако очекуваш од оние кутии за поплаки да се изгради некакво мнение тогаш жал ми е, ама имаш утопистички сфаќања околу ваков реален проблем.
Истотака во момент на ургенција (во овој случај - породување) немаш што и како да бираш - едноставно мораш да одиш онаму кај што ти е најблиску, очекувајќи дека ќе биде се` во ред и дека проблеми како овој нема ни на крај на памет да ти паднат дека би се случиле. Пациентот тука нема никаква кривица освен можеби тоа што не отишол на друго место. Не знам како е во Гевгелија и колку болници има но мислам дека и да има повеќе, секоја треба да се стреми да донесе што подобри услови, бидејќи сепак медицината е благородна наука. Тоа што не се издвојуваат доволно економски средства како и не се контролира персоналот секако ќе потпаѓа под одговорноста на државата. И да не е приватна установа, за вакви ситуации мора да одговара државата затоа што условите се специфични каде ти треба да помагаш да се спаси/донесе живот а не да го одземаш истиот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Работам во здравство или си заборавил, не е битно...тие кутии со поплаки верувај дека многу проблеми решиле.Било кој директор на некоја клиника не сака да има слаб рејтинг и лош персонал, но некогаш и они се немоќни во изборот и надворешните издадени наредби, во тоа да бидеш сигурен....во приватните болници има исто така многу лекарски грешки, пациентите пак се враќаат во државна установа, тие лекари од државна отишле во приватните да работат...ај сега ке се забегам ....на жалост пациентот во овој случај немал избор, трагично но зошто биле оставени пијани лекари на смена, тоа ми е прашањето.....кој и да одговара,касно е,..повраток нема на починатите за жал, но мора ние како народ, како идни пациенти да помагаме и да се бориме против слабо спроведување на закони, благи казни, врски и корупции...На Македончето му треба да се стави во ред, да има култура да почитува закони, сообраќајни, етички..професионални....а не кога ке дојде до трагедија само сега ке напаѓаме и после три дена ке заборавиме....Дали докторите ги кажаа со име и презиме, не видов нигде??
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@diva orhideja види сеа, убаво е сето тоа што ти го пишуваш ама тоа кај нас не функционира. Еве јас имам во потесна фамилија еден случај кој што изваде лекарска постапка да се разгледува на комисија и затоа што јавна тајна е дека лекарите си имаат меѓусебен договор да не се казнуваат меѓусебно кога се дадени на комисија, сега истиот тој не може да си најде матичен лекар затоа што сите го одбиваат и го шиткаат со изговори „Потполнет ми е бројот на пациенти“, „Не смеам да примам нови пациенти“ и сл. Не е дека никој не се пожалил на здравството, секако дека има и пациенти кои мислат дека лекарите се богови и може да прават сѐ и сешто само да е во нивна полза, ама муабетот е дека ситуацијата која ја имаме не води кон напредок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo