Игнорирање

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А понекогаш кога си свесна дека неможеш да ја добиеш битката, губиш или не си способна да докажеш нешто и прибегнуваш кон игнор.тоа е тоа кукавичкото.
За кого како...
А го знаеш она мудриот си молчи...
Ај ќе премолчам сега, за да бидам помудра де...
А ако брблаш нон стоп за се’ и сешто може да почнат а те игнорираат зашто стануваш досадна како мува....и и тие ќе бидат кукавици?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Јас од лично искуство, сум опкружена со тешки карактери и мислам на мои блиски со кои нормално ќе дојдеш во конфликт (помал или поголем), ситуации или муабети кои ќе ме повредат или навредат и фино лепо јас си зборувам се објаснувам пробувам да разјаснам некои работи да излезам на чистина, да доловам некаква поента со цел другиот пат да не биде така ама нема никаква промена во однесувањето на другиот, па затоа следниот пат НЕ, нема да се објаснувам, нема да трошам залудно енергија едноставно гет фак таму и размисли што стори и дојди извини се или повини се...дотогаш си на игнор...некои луѓе едноставно некако мора да ги казниш за да сфатат дека згрешиле и да си ја поправат грешката...со некои луѓе едноставно мора така....
Мислам дека тие што игнорираат најчето се слаби луѓе, луѓе кои не се доволно зрели и способни за да се соочат со некого во одредена ситуација и да разговаараат отворено за проблемот туку решението го гледаат во бегањето и повлекувањето. Кукавички чин и крајно непочитување по мене. И најчесто истите не те ни удостојуваат со одговор за нивната постапка туку само така знаат да испарат и да ги снема из чиста мира па ти оди тумачи зошто, како, кој е крив, дали можеби ти си згрешил нешто. Се чудиш дали вреди да настојуваш да дознаеш што е во прашање или да си ја задржиш таа самопочит што ти останала и да кренеш раце од тој кој го негира твоето постоење. Како и да е грдо чувство е и ме боли кога некој е нем на моите зборови, ова зборам за блиски особи со кои сум емотивно поврзана, оние другите нема потреба ни да ги спомнувам.
Oд таа причина и јас ретко некого да игнорирам освен ако не ме повредил па да не заслужува ниту муабет веќе.
Toa e тоа што го зборував, кога веќе гледаш дека нема позитивен исход од разговорот и другата страна е незаинтересирана да ја поправи грешката или да се извини тогаш останува опцијата игнор.