Рецепти за побрзо растење на косата

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје

Доколку косата е здрава и негувана, постојат реални можности да се забрза нејзиното растење. Производите што ви ги нудат парфимериите ги содржат истите состојки од природата.
Направете место во тетратката со рецепти за нови и проверени што само позитивно може да дејствуваат на вашата коса. Еве ја листата, а вие можете да почнете да ги тестирате.
Маслиново масло.
Еднаш неделно ставете ѝ на косата маслиново масло и чувајте го околу 30 минути. Потоа нормално измијте ја косата.
Алое вера и мед.
Помешајте малку гел од алое вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја.
Кромид за здрава коса.
Исечкајте еден кромид и ставете го во шишето со шампон. Оставете го да стои 15 дена и почнете нормално да го користите шампонот. Ваквиот шампон не само што го забрзува растот туку дава неверојатен сјај.
Алое вера и кромид.
Направете си шампон од алое вера и кромид. Користете го 2 до 3 пати во неделата. За поголема ефикасност комбинирајте го со регенератор од рузмарин или од авокадо.
Сок од домати.
Сварете неколку домати, исцедете ги и со водата плакнете го шампонот.
Кокосово масло
Еден ритуал кој е препорачлив за стимулирање на растот на косата е масажа на главата. Истата е особено ефикасна ако главата ја масираме со кокосово масло, затоа што кокосот го потхранува скалпот со потребните витамини. Се што треба да направите е да ги намачкате своите прсти со маслото и потоа со кружни движења да го масирате скалпот околу 10 минути. Косата потоа измијте ја со млака вода.
Маслиново и рицинусово масло
Овие две природни состојки се познати по тоа што го стимулираат растот на косата.3 големи лажици на рицинусово масло се мешаат со истата количина на маслиново масло. Мешавината се загрева се додека не стане поприлично топла. Маслото се нанесува на коренот на косата со помош на прстите. Со кружни движења се масира скалпот во времетраење од 10 до 15 минути.Ова е клучот за поздрава и подолга коса за најбрзо време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MAGA

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Шампон со кромид дај не зезај, хахаха блак сигурно одвратно мириса.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Слушај, дај ти против опаѓање :rofl
Кај мене во купатило има аптека.
Дечко ми е опседнат со неговата коса, и мислам дека повеќе пари и внимание има потрошена на косата отколку на било што друго.

Еве вака, некој совет од паталец.
Рецепт шампон, Каледонт ( мислам дека така се викаше, природен препарат од Пчеларски билкарот од Автокоманда), Пилфуд спреј, Валете шампон, мислам дека Фитовал шампон имаше еден во црвено пакување....

Сигурно ќе ми текне уште нешто, а имаше еден природен рецепт, смеса се прави и многу помага, ама ако го сакаш тоа ќе мора да пробуричкам дома :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MAGA and ipopovski

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Шампон со кромид дај не зезај, хахаха блак сигурно одвратно мириса.
Тебе ти е гајле за тоа како мириса шампонот или за косата да ти биде здрава? Мене искрено косата ми е најскапоцениот дел од моето тело и пазам најмногу на неа. Само рецептиве не знам колку се веродостојни. Јас не би експериментирал со мојата коса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MAGA

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Ова што го зборите за со кромидот... као радиоактивно ми делува..Чернобил..

Тебе ти е гајле за тоа како мириса шампонот или за косата да ти биде здрава? Мене искрено косата ми е најскапоцениот дел од моето тело и пазам најмногу на неа. Само рецептиве не знам колку се веродостојни. Јас не би експериментирал со мојата коса.
Јас знам рецепт за растење коса, ефикасен е, го имам пробано. Ако сакаш ќе ти го кажам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MAGA

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Маска од домати
Најделотворен а веројатно најмалку познат начин за забрзување на растото на косата. Освен растот, оваа маска ќе ја зајакне вашата коса па е многу добра и за оние кои имаат рроблем со паѓање на косата.
Се што треба да направите е да во еден сад измешате сок од три домати, една жолчка и мала лажица мед, и додајте малку вода. Оваа мешавина нанесете ја на полувлажна коса после бањање и оставете ја да делува 30 минути. Исплакнете со топла вода. За најдобри резултати, нанесувајте ја оваа маска еднаш неделно во рок од неколку месеци.
Масажа со топло масло

Одберете природно масно – од кокод, рузмарин, маслиново. Кога ќе го изберете маслото кое вам највеќе ви одговара, со истото измасирајте ја главата за да може маслото да навлезе длабоко во темето а потоа, остатокот од косата кренете ја нагоре и завиткајте ја во целофанска фолија или пластична кеса. Оставете да делува 30 минути. Телесната топлина која излегува од порите на главата ќе го загрее маслото. Овој третман помага во стимулација на темето и истовремено ја подобрува циркулацијата, а со тоа и го убрзува растот на косата.
Маска од кромид

Верувале или не, колку и да звучи шудно, кромидот е пријател на вашата коса. Ќе го забрза растењето и ќе ги обнови фоликулите.
Маската ќе ја направите со тоа што ќе ставите еден црвен кромид, 4 чешниња бел лук и две стапчиња цимет во сад и ќе ги натопите со топла вода. Оставете да се олади на собна температура и со таа течност навлажнете ја целата коса. Нека одтане да делува 15 минути а потоа измијте ја косата. О
Ова можете да го правите на секое миење на косата. Ефектите ќе ги видите само после неколку недели. Но, доколку имате бојадисана коса, оваа маска не се препорачува бидејќи може да ја оштети бојата.

Одете на фризер

Човечката коса во просек расте 12 до 15 цм годишно. Ако имате оштетена коса со расцветани врвови, тоа не важи за вас бидејќи во тој случај косата не може да расте туку ќе продолжи да расцветува.
Редовното шишање и освешување на врвовите на косата ќе помогне косата да остане здрава и ќе спречи оштетените врвови да се прошират нагоре по влакното. Препорацано е да се шишате еднаш месечно или еднаш во два месеци зависно од степенот на оштетување на косата.
Здрава исхрана

Најздрава исхрана за косата е оваа која се состои од цели житарици, ореви, моркови, јогурт, брокули и многу овошје. Минералите и протеините кои се наоѓаат во оваа храна помага во растот на косата затоа што самата коса е изградена од тие протеини.
 
Последна промена од модератор:

Accy

Нов член
8 јануари 2013
17
25
3
Неодамна добив еден рецепт за брзо растење на коса, ми го даде една другарка од Бугарија, таа го користи веќе некое време и ми кажа дека е доста ефективен,косата многу побргу и растела отколку претходно, но јас сеуште го немам пробано.(think)
1 голема лажичка од 3Д пантенол (или само пантенол, може да се најде во некоја од ветеринарните или земјоделските аптеки)
1 голема лажичка кисело млеко
1 голема лажичка мед
1 мала лажичка ракија
А по желба може да се стави и жолчка од јајце.
Оваа смеса се нанесува на коса неколку пати неделно :)
 

i_wanna_fly

Староседелец
25 јули 2012
649
848
1,093
Јас од сите овие погоре ќе го издвојам тоа со кокосовото масло. За шест месеци си вратив десетина сантиметри од косата што си ја ошишав летово до над раменици. Сега ми е подолга ама ќе се шишам пак за неколку минути. И пак ќе почнам повторно со третманот. Најважното нешто е да не употребувате премногу непотребна топлина на косата (пеглање, фенирање, виткање...) и да се потрудите да не се фарбате. Јас се зезнав и си ги запалив врвовите. Почнувам од почеток.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Furby