Чувството на срам се јавува обично кога ќе направиш нешто негативно што вообичаено не би го направил. Детето не знае за срам затоа што се уште нема воспоставени патерни на однесување, тоа се уште го испитува и изучува светот околу него. Тоа се уште се раководи од внатрешниот инстинкт, ако му е топло за него најприродна работа е да се соблече, зошто би си го измачувало организмот?
Ние возразните сме навикнати да ги контролираме инстинктите и наместо да го правиме она што ни се прави, го правиме она што околината од нас го очекува.
@malo, мое мислење е ти да најдеш поинаков пример од „што ќе речат луѓето“. Сите ние сме жртви на „што ќе речат луѓето“. Можеш на пример да му кажеш дека сонцето може да биде штетно за здравјето кога е многу топло надвор и облеката го штити да не се разболи.
Сонцето нема да го изгори ако се намачка со крема. Што значи, доколку
@malo ја употреби таа реченица, почнува да го воспитува своето дете со лажење. Тоа не е правилно.
Толку многу сме опсипани со норми... што навистина забораваме дека строгото почитување на истите, многумина ги довеле во состојба на избезуменост, и благодарение на тоа, отворени се тие центри за хоспитализација(Бардовци, Демир Хисар).
Проблемот што мало го има со синчето. Јас го имам со ќерка ми. Само што ќерка ми го прави она што го прави татко ѝ. Мене ми е жешко и во двор излагам само по шорц. Таа го прави истото. Мене ми доаѓа на ум дека нема да може уште некоја година тоа да го прави. Сакав да ѝ објаснам. Таа ме сфати од типот„сега си мала, можеш, после ќе бидеш голема, нема да можеш“. Ми рече „па и ти си голем и одиш гол“. Како да ѝ објаснам дека можеби, да се родела во некое индијанско племе, и ќе можела да се спаси од горештината одејќи гола нагоре, ама тука, нема да може. Не знаев како. Ама сѐ уште е мала, можев да ѝ го свртам муабетот. Кога ќе порасне... ќе инсистира на одговор кој не сакам да ѝ го дадам. Не сакам да ја учам ќерка ми дека треба да прифати да има помалку дозволи од оние што ќе ги има нејзиниот брат само затоа што е женско, и срамота е да прави некои работи.
Малку ја отеравме на друг правец темата, ама во ред.
Она што сакав да го постигнам е следното: што би требало да се случи, за ова чувство(според мене негативно) да исчезне од планетава?
Да се прифатиме себе си?
Да ти прифатиме другите онакви какви што се?
Да пробаме да ја гледаме вистината во очи?
Да не се обидуваме толку силно да ја оспориме нашата природа?
Сѐ што кажав погоре, и на кое што ставив прашалник, замислете дека стои точка запирка.
Набројување беше, и тоа е она што мислам дека треба да се случи за светов да го искорени тоа чувство.