Гостивар

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Гостивар е град во западна Македонија во јужниот дел на Полошката котлина. Гостивар е центар на истоимената општина која зафаќа површина од околу 650 km². Градот претставува административна, политичка, бизнис и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 36 илјади. Типична мултикултурна средина. Тука живеат Албанци, Македонци, Турци, Роми и други. Град кој претставува навистина убаво место за живеење, зашто нуди пријатна клима во сите периоди од годината извонредна местоположба, комуникации, услови за бизнис и школување.
Градот лежи во котлината Полог (Горен Полог) на надморска височина од 510 метри. Во близина на Гостивар во селото Вруток (5 км југозападно од Гостивар) се наоѓа изворот на најголемата македонска река Вардар која тече и низ самиот град кој го дели на два дела ,а истотака во негова близина се наоѓа најголемиот македонски национален парк и cкијачки центар Маврово. Гостивар е на 67 километри одалеченост од Скопје, а од Тетово е 27 километри. Гостивар е град кој со голема брзина се гради и станува еден од поубавите градови во Македонија.

imgres.jpg Gostivar-Vardar.jpg
Во 1850 година геологот и балканологот Ами Бег во описот на Тетово меѓу другото во еден дел вели дека во Полог се наоѓа „големото село“ Гостивар , додека како град Гостивар по прв пат се спомнува во двата записи од19 век . Според нив оваа населба на Полог ја има оформено својата чаршија (плоштад) додека вторникот бил пазарен ден. Во 1874 год. градот имал 400 куќи , околу 2000 жители , додека на крајот на истиот век 3500 жители.

Главниот процут Гостивар го доживува кон крајот на 19 век за времето на Турското владеење кога станува центар на каза. Тогаш Гостивар почнува да го добива својот лик на градче. Со доселувањето на различни мајстори и занаетчии од Велес, Крушево, Кичево и Дебар се формира гостиварската чаршија и вторник се назначува за пазарен ден, што е традиција до ден денеска. За време на Илинденското Востание од Гостивар и околината ќе учествуваат повеќемина македонски патриоти кои ќе отидат да се борат гдиректно во Крушево и околината.
66943715.jpg
За време на Втората светска војна, македонското население во Гостивар ќе доживее невиден терор од страна на албанските фашистички окупатори - балистите предводени од Џемо и Мефаил. Токму на крајот на војната во близина на Гостивар ќе биде убиен балистичкиот водач Џемо по што ќе следи општонародно славје на Македонците во Гостивар. Народен херој од Гостиварско е Чеде Филипоски-Даме чиј споменик се наоѓа на гостиварскиот плоштад (спроти стоковната куќа), а во текот на Втората светска војна во Гостивар и околината војувале повеќе македонски партизански одреди и единици, кои воделе тешки борби со балистичките единици кои отпрвин биле подржувани од италијанскиот, а подоцна и од германскиот окупатор.
34615_130489600323797_100000882742946_136952_4679808_n.jpg


Стар крст пронајден во дворот на гостиварската црква Св. Димитрија


rdasgjshd.jpg



Потекло на името Гостивар
Според една легенда сегашното има на градот Гости-гости, настанало за време на владетелот Волкашин. Бидејќи доаѓале голем број на посетители, гости низ овие краишта, во текот турското владеење на турски го нарекувале „Гостивар“ што значи (гости има). Самото име, односно Гостивар се нарекуваше местото на собирање на гости т.е.„Градот на гостите“. Волкашин на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). На пример, на ќерката Кита и изградил тврдина во Кичево, наречена „Китин Град“ (Китинград), а на Цвета и изградил кале на Сува Гора наречена уште и „Цвета Гора“, каде што имало многу цркви и манастири. Манастирите во „Цвета Гора“ имале свои чифлици во Горни Полог (Гостиварско). Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
гостиваре со меко р :) имам идено тамо 2-3 пати...ама одамна...не ми остај некојси впечаток убаф....
имат една пицерија и тамо сите се збираат :) за ноќниот живот незнам...имам идено само на едно место...од една зграда...хотел ли е којзнае што ли е...на врво на поткровјето има кафич со базенти ти реков ми рече...толку иам впечатоци од гостиваре
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and parvati

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Изгледа ради големиот број ******* што живеат таму не ми се доаѓа.
СУм била 1-2 онака на поминување.. А и не ми е нешто посебно градот.
Велат дека имал супер ноќен живот, ама да видам не верувам :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Знаете што,ја сум од Гостивар,и баш убаво се живее.И за излагање ноче,баш е безбедно.Дружењето со нив е одлично,и нема никакви проблеми...
 

Ливадџиката

Нов член
17 јуни 2015
2
0
1
42
Јас лично никогаш не сум бил во Гостивар, но имаше една интересна полемика на еден сајт помеѓу човеч што живее во Скопје и бил во посета на Гостивар, напишал една убава “репортажа“ за градот и искуството таму, и потоа како му реплицира Гостиварчанец кој баш и не се сложува со него. Два тотално разлилни доживувања на самиот град, но разбирливо едниот го познава градот уздужи попреку што би се рекло а друг не.
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не сум бил никогаш, само на поминување застанато на автобуска (или барем нешто што наликува на тоа), на прв поглед уште еден во низата досадни и небитни места...
 

marchi

Староседелец
22 декември 2015
2
0
601
35
vo gostivar slusam deka imalo eftini raboti ako ste za kupuvanje.bratuced na maz mi i negovoto semejstvo cesto odat tamu i taa mi kazuva deka e eftino.ne se no dobar del od potrebnite raboti moze da gi najdes poeftino. inaku ne e los grad no ne sum ljubitel.