Кога бев на 19 години, имаше едно локалче во Кичево, Импулс, беше топ местенце, мало, ама пријатно за седење. Келнерите супер, кафето за 20 денари, подобро од сега ова што го плаќам 90, менаџерот беше топ, над топовите. Значи знаеше да направи атмосфера пичку матер, знаев да седнам во 17 часот, и фајрон да направам, а утрото на утринско кафе да отидам таму.
Е потоа сѐ се смени, келнерите се сменија со келнерки, што не знаеа што е миење на садови, кафето беше ужасно, се смени и менаџерот, а овој новиот се грижеше само за крадење, па и љубеше да слуша една иста песна по 20 пати, па затоа што не излегуваше од таму, си ја имаше изгледа ставено на секоја петта песна на плеј листата. И нормално, местото го одминував потоа до самиот негов крај.
Е сега, која е релацијата со ова, и муабетов што сакам да го направам.
Проценете сами... бидејќи истото му се случи на форумов.
Лоша администрација, уште полошо мени... луѓето си заминуваат, дебатите се скратуваат, бидејќи јас да отворам тема, ретко кој ќе биде засегнат да коментира на неа, исто како што јас сум ретко засегнат да коментирам на некоја од темите кои ретко се отвараат - затоа што не секоја тема ми е интересна.
Да, кога јас се зачленив беше прекрасно. Самиот факт што 70 проценти од моите мислења се направени во првите 8 месеци од членувањето тука... си зборува нешто.