Eмили де Форест е данска пејачка која е позната по победата на Евровизија 2013.Нејзиното вистинско име е Емили Шарлот-Викторија де Форест.Родена е во Рандерс од мајка Данкиња и татко Швеѓанец,а се зборува дека има корени и од британското кралско семејство.Но,тоа е помалку битно.На 9 години започнала да пее госпел,а на 14 години настапувала на музички фестивали и мали настани со шкотскиот фолк музичар Фрејсер Неил.Н 18 години ја прекинала соработката со него.На 20 години ја однесе Евровизија во Данска со песната Only Teardrops,односно нејзината прва песна,која на топ листите во Данска котираше на 1 место,во Швајцарија и Шведска на 3 место,во Холандија на 4 место,во Германија и Ирска на 5 место,во Австрија на 7 место,во Белгија на 11 место,во Велика Британија на 15 место,додека во Австралија на 47 место.Подоцна го објавила синглот Hunter And Prey,а неколку месеци пред Евровизија 2014 ја снимила песната Rainmaker.Нејзината последна песна е Drunk Tonight.На Евровизија 2013 мене таа ми беше најголем фаворит и мислам дека реално победи.Ми се допаѓа нејзиниот стил на музика и секогаш ме опушта.А исто така и нејзиниот мил поглед.Еве неколку песни:
https://www.youtube.com/watch?v=14zFuVdlQPI
https://www.youtube.com/watch?v=vNslAgWgpaI
https://www.youtube.com/watch?v=14zFuVdlQPI
https://www.youtube.com/watch?v=vNslAgWgpaI