Омилени ликови од книги и зошто токму тие (кратка анализа на посочените ликови)

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Вронски од Ана Каренина - контрадикторен лик, плејбој кој ќе ја доловува љубовта на поинаков начин. Едно време исто така бев заљубена и во Мартин Идн. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Моментално сеуште под импресии сум, па затоа ќе ја спомнам само нејзе.
Санча од Арагон.
Мојот аватар е всушност таа. Барем во главата на тој што ја создавал корицата на книгата „ Невеста во Борџии “

Жена која не се плаши од предизвик, храбра и моќна.
Која и покрај сите морални начела кои ги формираат стегите на општеството, знае да ги оживува своите предизвици за среќа и исполнетост.
Се поклонува, но не се покорува.
Љуби, но не се фрла под ничии нозе безрезервно.
Паметна и остроумна.
И покрај нејзината навидум бестрашност, во неа тлее вистинска нежност, емоции и љубов кои никако не може да ги види секој.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Никогаш кога читам книга не размислувам за ликовите како за свои омилени ниту сум бирала омилен, ниту некој ми станал ептен омилен па да го запамтам и сега да ви пишам. Има по некои кои ми станале симпатични и сега би ја издвоила мајката од Никаде без ќерка ми - поим немам како се викаше жената, па не е една книга прочитана до сега, ама ме фасцинирала посебно моќта на мајчинската љубов преку делата и истрајноста на таа жена.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Конор од "Затоа што те љубам" од Гијом Мисо - психолог, кој е многу искусен во својата работа, маката го натерала да се соочи со својоте проблеми и на тој начин да им помага на луѓето кои страдале како него.Напишал една книга биографска, и таа книга им помогнала на сите што биле опседнати со зли мисли и тешки депресии, или пак убиле човек.... ...им помага на сите освен себеси...но на крајот се пронаоѓа и тој и се си доаѓа по редослед...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Госпоѓа Оливер - психоаналитичарка, писателка по малку невротична во книгите на Агата Кристи, Џенифер Паркер - Гневот на ангелите, Трејси Витни - Ако дочекам утре , двете од Шелдон тип на страствени, борбени жени. Џејми од ,,A walk to remember" поразлична од другите, воздржана, сонувач кој ги следи своите пасии исто и Ноа од ,,The notebook. Катнис од ,,The hunger games" . Борбена, истрајна, девојка со инстинкт на ловец и оган во очите. Колонил Брендон од ,,Sense & sensibility" - Џејн Остин. Прекрасен портрет на стрплив, воздржан и истраен маж. Арагорн од Господар на прстените и да, Дарси од Гордост и предрасуди исто од Џејн Остин. Хермиона во серијалот Хари Потер - инзворедна комбинација на брилијантен ум и храброст. Уф ги има уште..
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Мерсо - Странецот (поради гадната бесчувствителност што ја има кретенот)
Марија - Мадам Тисо(поради ужасната желба за живот, поради борбеноста)

и не ми текнува некој друг така...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Вронски од Ана Каренина - контрадикторен лик, плејбој кој ќе ја доловува љубовта на поинаков начин. Едно време исто така бев заљубена и во Мартин Идн. ;)


пред некое време го гледав филмот Ана Каренина...ако изгледал Алексеј Вронски како шо изгледа у филмот мислам дека многу брзо може да ми стане омилен лик:giggle