@MissChievous немој да се криеш знам дека гледаш, видов таму пици и во позадина нешто подобро од пицата.
Вие другите, ајде уште еден месец и неколку дена па ќе уживаме. Загрејте се малку.![]()
Ее така, подобро е кога сме повеќе. Иначе ова не е спојлер затоа што се претпоставува зашто отиде Арја во Бравос. Финтата е што таа мисли дека Џофри е жив уште, а тоа уствари само мајка му е. Туука јас мислам ќе биде интересно само нема да има многу прикажано од овој дел, затоа што повеќе ќе го гледаме Тирион и неговото патување, имав пишано мислам.Не сум коментирала уште зошто во последните месец дена ја изгледав серијава, т.е. ми останаа уште последните 3 епизоди.На времето кога излезе првата сезона ја гледав и ми се допадна ептен, па кога почна втората сезона заминав за Америките (таму си ја купив и првата книга) и после не можев да и влезам у тек и така ја забаталив, еве конечно се реши ја изгледав, таман пред да почне 5та сезона.
Закон серија, одлична приказна (алал да му е на Џорџ Мартин, обожавам писатели кои си смислуваат свој свет) супер адаптирана за малите екрани. Кога гледам речиси постајано си мислам "Среќа не сум родена тогаш да го живеам тој пеколен живот", едноставно се соживувам со ликовите и баш онака, ме тера да размислувам за животот и колку луѓето се сурови.
Ако можам да издвојам неколку сцени, тоа би биле: најтажна - како завршија Роб и Кателин Старк. Најсреќна - кармата конечно го стигна Џофри. Најшокантен - тоа што му се случи на Џејми Ланистер кога беше заробеник. Најомилени ликови ми се - Тајрон Ланистер, мислам јасно е зошто, најпаметен и најхумористичен лик во целата серија кој не го соборува ништо по се изгледа; Бријан од Тарт - типкава е закон, женско-витез.Најодвратен лик - Серси Ланистер, гад дем ми оди да ја рашлакам, некако.
Чекам да видам што ќе направи малиов Брен Старк у иднина, мислам дека ќе биде еден од најмоќните ликови и сигурно ќе биде еден од главните ликови околи кои ќе се движи дејствието. Исто така и Арја, језда мислам дека она како и секогаш ќе остане во сенката, никогаш нема да биде во центарот на вниманието.
Ее така, подобро е кога сме повеќе. Иначе ова не е спојлер затоа што се претпоставува зашто отиде Арја во Бравос. Финтата е што таа мисли дека Џофри е жив уште, а тоа уствари само мајка му е. Туука јас мислам ќе биде интересно само нема да има многу прикажано од овој дел, затоа што повеќе ќе го гледаме Тирион и неговото патување, имав пишано мислам.
За Бран исто лесно е да се претпостави што ќе прави. Тој му кажа дека ќе лета нели, сигурно не мислел буквално. Ќе ти текне.
Тоа сакав да кажам.![]()
Извини ама добро ништо не е, се знаеше каде ќе оди.Јас мислам дека Бран ќе ги лета (контролира) змејовите. А чек малце, уште 3 епизоди имам, не знам каде отишла Арја.![]()
Извини ама добро ништо не е, се знаеше каде ќе оди.
Видиш ти текна, и јас истото го мислев. Со таа моќ како што можеше да ги контролира волците сега ќе му порасне и ќе може да го прави истото со змејовите, поточно со еден само, тој најголемиот. Е сега изгледа ќе биде, кој ќе ги контролира ќе биде најјак, дека веќе не се оние мали змејчиња. Калиси па од друга страна ми глуми нешто добра кралица ова она, што ме нервира. Има толкава моќ и војска и ништо не освојува туку само робови ослободува, ама сепак ако тие робови се борат за неа тогаш ништо не и стои на патот, освен нели змејовите.
Едвај чекам да почне, ќе има една предобра сцена со тој од Дорн, братот на Оберин и Калиси. Ама да не почнувам.
Не ми го чепкај негоПа добро, Калиси уште не е искусен лидер и војувач, тек сега учи како идат работите. Башка, нели нема бродови, а до пред некое време немаше ни војска. Чекор по чекор, им се доближува на главните, тоа е таа тактика. За нејзе не можам сеуште да проценам што ќе направи, зошто сега ми делува премногу моќна, а тоа е некако досадно т.е. предвидливо да речеш дека таа се ќе освои. Не верувам дека ќе биде така, нешто мора да се случи.
А оној Литлфинер подмуклиот... кога-тогаш ќе го јаде. И тоа се мислам дека ќе си го добие од страна на Санса, if she ever grows a pair да почне да се спротиставува на луѓето околу неа.