Омилени ликови од книги и зошто токму тие (кратка анализа на посочените ликови)

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Humbert Humbert од Лолита....педофил , еден од најконтроверзните ликови на Набоков, кој читал знае...страшна позадина нуди ликов...комплетно можете да ја почувствувата жештината на неговото лудило врз себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bleach

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Велика -Пиреј (поради нејзината истрајност, храброст,неуништливост и издржливост)
Андреј Сколов-Судбината на човекот(И покрај тоа што го загубил семејството и бил жртва на војната сепак тој успеал да најде светла точка и да го продолжи животот понатака)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Lisbeth Salander во трилогијата на Stieg Larsson - Таа е 23-год. хакер, работејќи како приватен детектив за фирма на обезбедување "Milton Security". Таа има фотографска меморија и непостоечки социјални вештини на некојси Аспергеров синдром. Сепак, тоа е многу проблематичнa, анти-социјалнa жена која сепак може да биде со големо сочувство и лојалност. Опишана е како слаба, пирсана девојка, во некојси панк-рок стил, со неколку тетоважи, како и тетовираниот змеј на грбот....мене ме привлече нејзиниот карактер, не ги изјаснува своите емоции, храбра е, паметна и покрај нејзината мала големина, таа може да се бори како човек! Карактерот на Лизбет е крајно комплексно, покажувајќи го во различни времиња и знаци на голема ментална сила и емоционална стабилност...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Људмила од „Ако една зимска ноќ некој патник“.
Иако сеуште ја немам дочитано книгата како целина, ми се допаѓа еден од двата главни ликови во книгата. Нејзината смисла како читател кој чита книги само поради уживање и избегнување од монотоната реалност, како и тоа дека воопшто не ја поднесува претенциозноста на мислата - „Добрата книга мора секогаш да има добро поткована логична замисла“ додека повеќе е свртена во моменталната состојба на еден читател и како тој ја дожувува приказната лично ми ги освојува уште повеќе симпатиите.
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Розалин Клоуд од Кој ќе го фати бранот
Ме потсетува на Нина Добрев и Шеи Мичел. Згодна бринета, исончана, со темни очи и долги трепки :gladen Отсекогаш сум сакал да направат нов филм според книгава (или серија боље би било) и Нина или Шеи да ја глуми Розалин.
@Luckky шо мислиш за идејава? Се сеќаваш на Розалин нели? (ајде ајде, како фан на Агата, не ме разочарувај :()
shay_mitchell_png_hq__3_by_valevelez_222-d698d4a.png
nina-dobrev-at-muscle-milk-light-womens-fitness-retreat-in-beverly-hills-02-2200x2819.jpg
 
Последна промена од модератор:

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Мартин Идн од книгата Мартинд Идн на Џек Лондон.

Зошто Мартин Идн?
-Ми се допадна и како карактер, цврст и полн со самодоверба.
И затоа што инспирацијата за да се подобри како личност и да се образова и сето тоа го „црпи“ од симпатиите и љубовта поради некоја девојка. Го заинтересира и го внесе во некој нов свет сосема непознат за него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Розалин Клоуд од Кој ќе го фати бранот
Ме потсетува на Нина Добрев и Шеи Мичел. Згодна бринета, исончана, со темни очи и долги трепки :gladen Отсекогаш сум сакал да направат нов филм според книгава (или серија боље би било) и Нина или Шеи да ја глуми Розалин.
@Luckky шо мислиш за идејава? Се сеќаваш на Розалин нели? (ајде ајде, како фан на Агата, не ме разочарувај :()

There is a tide in the affairs of men
Which, taken at the flood, leads on to fortune;
Omitted, all the voyage of their life
Is bound in shallows and in miseries.
On such a full sea are we now afloat,
And we must take the current when it serves,
Or lose our ventures

Книга на Агата инспирирана од извадок на Шекспир? О yes, Sir :D

Обично било кој лик го врзувам со некоја особина, па ако сум во право Розалин беше таа младата ,,наивната" вдовица со карактеристичен исплашен израз на лицето цело време (порави ме ако грешам има сигурно 5-6 години како ја читав па само на вдовицата, брат и и таа од војска што се врати се сеќавам :D ). Искрено имам заборавено како сум ја замислувала, сега би ја одбрала Натали Портман :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мартин Идн од книгата Мартинд Идн на Џек Лондон.

Зошто Мартин Идн?
-Ми се допадна и како карактер, цврст и полн со самодоверба.
И затоа што инспирацијата за да се подобри како личност и да се образова и сето тоа го „црпи“ од симпатиите и љубовта поради некоја девојка. Го заинтересира и го внесе во некој нов свет сосема непознат за него.

+1
Ненормално јак лик, цврсто поврзан со реалноста (и онака книгата е автобиографски роман на Лондон) а сепак со својот развој и отфрлање на општеството кон кое сакаше да припаѓа поради Рут - доживеа целосна метаморфоза. Лондон како шо го дал госпо не бил склон на ирационалност и мистицизми но имал фанатична вера во човековиот талент и можност за умствена еволуција, баш имаше и таков муабет помеѓу таа дебелата перачка шо му изнамуваше соба и Мартин околу тие ствари. А дијалозите меѓу Мартин и Рас Брисенден, неговото туберколозно другарче ми се најјаки воопшто од било која книга.
За жал, автобиограскиот роман испаднал и пророчки пошто Џек завршил како Мартин, со самоубиство :(

Не ми се верува дека немаат снимено филм или серија барем според книгата, кој потенцијал го има за екранизација :^)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Struggler

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
@Outrider

Чекај авторот се самоубил? Јас колку што знам починал од некоја болест... и онака некој трач муабет во кој не верувам, дека често бил под дејство на дроги.


Како и да е, оваа книга ми е најдобра од неговите, одма после оваа Морскиот волк ако имаш време (ако веќе не си ја прочитал) прочитај ја.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Outrider

Чекај авторот се самоубил? Јас колку што знам починал од некоја болест... и онака некој трач муабет во кој не верувам, дека често бил под дејство на дроги.


Како и да е, оваа книга ми е најдобра од неговите, одма после оваа Морскиот волк ако имаш време (ако веќе не си ја прочитал) прочитај ја.

I`m afraid so, he did it :(
Од дроги најмногу по алкохол бил, левел неговата книга `Крал Алкохол` и описите на човекот во канџите на етанолот :kafe
Морскиот волк ја имам читано.