Сакам да кажам/Сакам да прашам

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
На Бум ги вратиле СпортКлуб и Фокс. СпортКлуб е хрватскиот и е ист како српскиот, значи немаше потреба да се менува. Поздрав. :)
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Преѓе одев да пијам кафе со една другарка која си дојде од Италија. Одев онака замислен, кога едно мало дете се бутна во мене. Се насмеав и се тргнав на страна за да помине, детето исплашено викаше по дедо си Дедо, дедо, чекај ме а волот продолжувајќи да оди му одговори Ајде де, те чекам, убрзај . И така ова детево трчаше по него, а гадот брзаше носејќи едно девојче во рацете. Некако успеав да ги стигнам и глетката малку ме згрози. Очигледно децата беа на иста возраст или една до две години разлика. Девојчето, во рацете на лудакот, беше покриено со шал, капа на главата и винтијагата закопчана до горе. На момчето винтијагата му беше откопчана, шалот така зафрлен околу вратот влечејќи му се по земја, врвците на патиките незаврзани. На волот му се брзаше, па помина на црвено. Не му беше гајле за момчето кое одеше по него, само си ја претрча улицата. Плашејќи се дека детето може да биде згазено бидејќи е многу мало се плашев да не не го виде некој автомобил, ја преминав улицата со него. Малку понатака (гомнарот уште одеше прв со девојчето во рацете, па момчето па јас) тој застана да се поздрави со една млада жена. Другарка ми ми се јави, ми вели ќе закаснела малку, па наречето го тоа љубопитност иако ја имав видено и претходно ситуацијата и знаев отприлика што и како, застанав малку понастрана правејќи се дека разговарам на телефон. Жената го прашуваше девојчето како се вика, а потоа праша чие било. Стариот рече Ова е на ќерка ми, а она е на син ми момчето конечно ги беше стигнало. Девојчето му рече на стариот да ја пушти да оди, ама тој и рече дека било опасно бидејќи ќе ја преминувале раскрсницата. Се прашав зошто не се грижи така и за момчето? Како можеше да го остави сам да ја помине улицата и тоа на црвено! не го чекаше кога детево го викаше, како да не постоеше. Како да не беше негов внук.
Ги гледав како заминуваат, старецот сеуште држејќи го омиленото внуче, а ова кутрово како посвоено трчкаше по нив. Дали родителите на момчето знаат што се случува? Ако не, зошто не се подзапрашаат? Ако да, како му го доверуваат на болниот? Зарем толку не им е гајле за него?
Знам како е да си постојано лошиот внук, неомилениот. Затоа апелирам до сите родители, дај запрашајте се кај кого ги оставате вашите деца. Очигледно на овој свет не можеш на никој да веруваш. И верувајте ми, не е првпат ова да се случи, не е само еден случај. Останува само да се надевам дека детево сигурно стигнало до дома.
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Секој неуспех го прогласувам за резултат на лошо организирано време
 

-•Lil Lamb•-

Баниран
27 февруари 2012
74
49
318
32
...мразам ликови што ми се филмаат и глумат недостижни. Ме иритираат, а највише мразам омажениве дрољи од 35+ кога ќе седнат на фејс и се впуштаат во врска,запознаваат со некои непознати манијаци, кои ќе им речат „те сакам“ и глумат лудило по дома, стари вештерски со деца, просто не им личи. Способни жени за десет мужи биле, па уште и се фалат. Е ај сеа. (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
^

Камо бе добар ден/добро вечер бе чупе, не сум те видел на форумов, веројатно нова си?