Рецепти за домашен сладолед

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Јадете сладолед? :D
Повеќе сакате купен или домашен?
Овошен,чоколаден или млечен?
Кој е вашиот омилен вкус?
sladoled.jpg
Знаете некоја рецепта за подготвување домашен сладолед? Освен оние што ги има во кесички како пудинг само да се измати? :)
Еве јас ќе споделам нешто од мене, а подоцна ќе во почастам и со слика од сработеното дело.​
Овој рецепт ми е преземен од еден друг форум:​
  • Во еден сад се мати шлаг (најчесто две кесички). Во друг сад се матат јајца со шеќер и млеко (јас некогаш ставам и малку вода за да може да се замрзни сладоледот). Потоа се соединуваат двете смеси и се матат додека не се изедначи смесата. На крај додавате што сакате за да добие сладоледот вкус. Можете да додадете топена чоколада, еурокрем, некое овошје кое може да се измати како јагоди или малини, мармалад....
  • Сладолед со степ-лајт
    3 јајца
    3 лажици шеќер
    1 шлаг-пена
    млеко
    1 степ-лајт (од портокал или од малина)
    Се кршат јајцата и се одделуваат белките од жолчките. Белките се матат со шеќерот. Во друг сад се матат млекото и шлаг-пената. Тоа се додава кај изматените белки и се мати. Се додаваат жолчките и пак се мати. На крај се додава степ-лајтот и се мати.
  • 1канче кисело млеко
  • 2 шлаг пена
    1канче исчистени и измиени јагоди,може и со банани
    1канче шеќер
    Се миксираат киселото млеко и шеќерот, се става овошјето и се меша.Во друг сад се матат 2та шлаг пена. Откако ќе се измати шлагот се мешаат состојките од двата сада.Потоа се става во фрижидер и се замрзнува.

67828
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Рецепта не знам, освен онаа што е со кесичките :) инаку сладолед сакам најмногу, најомилен вкус ми е од чоколадо и банана.. повеќе го сакам купениот сладолед, поубав ми е :D и така.... :)
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ах Мила Кунис,шо си немаше работа да ме настрвиш.Го гледам и ми течаат лиги :D
За омилен немам,не пребирам.Али сега како би ми дошло добро еден сладолед од лешник,мх мх:p
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас сум повеќе за купен.
Од чоколадните Карамелата само ја јадам. А од овошните Јагода, Банана, Лимон, Шумско овошје...
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Не сакам сладолед нешто посебно, ама кога веќе помислувам на сладолед би од јадела шумско оовшје и овошен јогурт :)
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Само купечки (фабрички) сладолед признавам мада ако идате накај охрид обавезно посете ја слаткарница Корзо :) :showoff
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Сладолед со парчиња чоколадо

Живата на термометарот секој ден надминува 35°C, па затоа сме во потрага по нешто што ќе нè освежи. Овој десерт е многу лесен, но и многу вкусен.

Потребни состојки:
2½ шолји млеко
7 лажици шеќер
½ кафена лажичка сол
2 кафени лажички ванила
чоколадо за готвење (исечено на мали парчиња)
Млекото малку стоплете го, а потоа во него додадете ги шеќерот, солта и ванилата, и промешајте за да се стопат. Во долниот дел од калапчињата за сладолед ставете 1-2 лажици од чоколадото и дополнете со смесата со млеко. Ставете ги стапчињата и калапчињата ставете ги во замрзнувач.
sladoled-so-cokolado.jpg
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Сладолед од лубеница

Состојки (за 6 лица)

*300мл хопла
*175г шеќер
*1зрела (а може и презреана) лубеница, без семки, исечкана на мали парчиња
*сок од лимон
*свежи малини или јагоди, за послужување

Време за подготовка 35мин.

Ставете ги шеќерот и хоплата во тава.
Нека зовријат, мешајте додека не се стопи шеќерот, а потоа оставете да олади.
Ставете ги парчињата лубеница во блендер заедно со сокот од лимон, матете додека не добиете хомогена смеса , а потоа додадете ја хоплата.
Потоа целата смеса матете ја со миксер, па ставете ја во фрижидер, и откако делумно ќе се замрзне повторно изматете ја. На крај оставете ја во фрижидер добро да се замрзне.
Пред послужувањето декорирајте ја со малини или јагоди.
sladoled-lubenica-1.jpg
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Состојки:
- Јогурт ама има еден поцврст, не знам како да го наречам(количина: колку сакате)
- 400 гр. замрзнати јагоди/ боровинки/ малини/ шумско овошје/ банани
- 1 лажица мед
Подготовка:
Ги ставате сите состојки во блендер и миксате 1 мин, додека смесата не биде хомогена.
И после- јадете!:gladen
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Состојки:
- Јогурт ама има еден поцврст, не знам како да го наречам(количина: колку сакате)
- 400 гр. замрзнати јагоди/ боровинки/ малини/ шумско овошје/ банани
- 1 лажица мед
Подготовка:
Ги ставате сите состојки во блендер и миксате 1 мин, додека смесата не биде хомогена.
И после- јадете!:gladen
:roflКој ти е тој јогурт поцврст,вероватно мислеше на погуст?Мислам дека треба со кисело млеко а и шекер се става инаку ќе јадеш кисел сладолед,една лажица мед е малку.