Јадете сладолед?
Повеќе сакате купен или домашен?
Овошен,чоколаден или млечен?
Кој е вашиот омилен вкус?
Знаете некоја рецепта за подготвување домашен сладолед? Освен оние што ги има во кесички како пудинг само да се измати?
Еве јас ќе споделам нешто од мене, а подоцна ќе во почастам и со слика од сработеното дело.
Овој рецепт ми е преземен од еден друг форум:
- Во еден сад се мати шлаг (најчесто две кесички). Во друг сад се матат јајца со шеќер и млеко (јас некогаш ставам и малку вода за да може да се замрзни сладоледот). Потоа се соединуваат двете смеси и се матат додека не се изедначи смесата. На крај додавате што сакате за да добие сладоледот вкус. Можете да додадете топена чоколада, еурокрем, некое овошје кое може да се измати како јагоди или малини, мармалад....
- Сладолед со степ-лајт
3 јајца
3 лажици шеќер
1 шлаг-пена
млеко
1 степ-лајт (од портокал или од малина)
Се кршат јајцата и се одделуваат белките од жолчките. Белките се матат со шеќерот. Во друг сад се матат млекото и шлаг-пената. Тоа се додава кај изматените белки и се мати. Се додаваат жолчките и пак се мати. На крај се додава степ-лајтот и се мати.
- 1канче кисело млеко
- 2 шлаг пена
1канче исчистени и измиени јагоди,може и со банани
1канче шеќер
Се миксираат киселото млеко и шеќерот, се става овошјето и се меша.Во друг сад се матат 2та шлаг пена. Откако ќе се измати шлагот се мешаат состојките од двата сада.Потоа се става во фрижидер и се замрзнува.