Не да се навредиш, ама цитираново не го опфаќа тоа јас што го велам.
Мене ми е жал за сите жртви, за сите невини души кои животот го губат заради туѓи идеали и каприци. Јас сум свесна дека се бришат цели семејства, свесна сум дека за многу масакри не сме ни слушнале ние. За мене животот на цивил од Париз и на оној од Нигерија ми е ист. Малку се нервирам кога ми се реплицира баш како ти сега што ми реплицираше, ама има и други па никој нив не ги жали, не ни ги знае. Да, точно е тоа дека некои настани не ни ги разбираме, ама тоа не значи дека е доволно добар одговор на ваква тематика.
Еве ти еден мој постар пост:
И тогаш повеќе фама се крена за нападот во Сиднеј, ама мене дури повеќе ме погоди убиството на 100 и кусур деца.
Нит сум станала карикатурист, ниту борец за некакви права, ниту пак нешто друго
Едноставно
жалам за
сите 12 души кои го загубија животот. Да згасне невин човечки живот заради алчност за пари, религија, територија или било која друга причина ми е одвратно. Не сега да звучам како мисица која на победничкиот говор кажува I would like world peace and love and freedom, ама еве на форумов си оставам некоја емоција. Можеби дека сум била блиска со другар кој загуби родител во слична ситуација па сведок сум за тоа како се одрази нештото врз него.
Бајдвеј, не најдов тема за нападиве, затоа овде реплицирам, префрлете ми го мислењето слободно.