Пред некој ден читав книга и една реченица ми остана во главата: Таа имаше некаква евтина убавина. И почнав да размислувам што значи тоа, како да ја замислам девојката од романот. После неколку дена другар ми спомна низ муабет Абе ајде, она има евтина убавина. Го прашав што значи тоа евтина убавина. Ми одговори дека според него, евтина убавина имала таа девојка која не се разликува по ништо од останатите девојки, као демек е сосем обична и почна нешто да филозофира. Едно девојче се вмеша и рече дека според неа евтина убавина имале момците кои секоја девојка можела да ги има. Демек зошто им е убавината, кога може секоја да ги има, евтини се.
Дали има некоја посебна дефиниција? Или секој си ја толкува евтината убавина различно? Ме интересира колку често вие се среќавате со овој збор или фраза, како и да е? Што подразбирате вие под евтина убавина и дали некогаш сте опишале некого со неа? Дали ако ве опишат со неа, би се навредиле или не? Дали е лошо да ве опишат со зборот евтино или важно е дека имате некаква убавина?
Навистина ме интересираат вашите мислења.