Евтина убавина

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Пред некој ден читав книга и една реченица ми остана во главата: Таа имаше некаква евтина убавина. И почнав да размислувам што значи тоа, како да ја замислам девојката од романот. После неколку дена другар ми спомна низ муабет Абе ајде, она има евтина убавина. Го прашав што значи тоа евтина убавина. Ми одговори дека според него, евтина убавина имала таа девојка која не се разликува по ништо од останатите девојки, као демек е сосем обична и почна нешто да филозофира. Едно девојче се вмеша и рече дека според неа евтина убавина имале момците кои секоја девојка можела да ги има. Демек зошто им е убавината, кога може секоја да ги има, евтини се.
Дали има некоја посебна дефиниција? Или секој си ја толкува евтината убавина различно? Ме интересира колку често вие се среќавате со овој збор или фраза, како и да е? Што подразбирате вие под евтина убавина и дали некогаш сте опишале некого со неа? Дали ако ве опишат со неа, би се навредиле или не? Дали е лошо да ве опишат со зборот евтино или важно е дека имате некаква убавина? :zelen
Навистина ме интересираат вашите мислења.
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Евтина убавина...
Прво нешто на што ме асоцира фразава е нешто кичасто, нешто наметнато...
Според мене евтина убавина е онаа исфорсираната, да се биде тренди, да се следи секоја мода по било која цена, без разлика дали ти стои или не, евтино ми делува кога некој копира некого (без разлика дали е некоја селебрити или обичен човек), кога нема сопствен стил, кога се изгубило сопственото јас и се цели да се биде прифатен во општеството...евтино делува вештачкото, силиконите, нападната шминка, вештачките трепки, тоа сето според мене е евтина убавина...
Велат, една жена е најубава кога е среќна...и тоа е вистина...
Убавината се состои посекако и во физичкиот изглед, ама и во она што се крие внатре...ѕвездата, некоја специфичност, посебност која издвојува од другите, која остава впечаток...
Еден поглед, еден гест или една прекрасна насмевка можат да бидат повредни од секакви силикони, најубави штикли, фустани, најскап накит или било што...
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Мислам дека прво треба да се разјасни поимот убавина,оти не ја перцепираме убавината сите луѓе подеднакво,можно е да тоа што за мене е убаво на тебе да ти биде фуј.Како и да е,убавината е сепак во естетската категорија,каде што треба да има склад на сите човечки "перформанси" и да сочинуваат една добра целина.Женската убавина низ вековиве и сеуште ден денес,трпи големи промени,од физички па и со примена на различни корективни шминки,фризури идр.Ај да не давам веќе,Евтина убавина поседува жена која е ослободена од сите догми кои и го наметнува општеството како би требало да изгледа,просто речено природна убавина без додатоци на шминка,без депилација,чупани веѓи...едноставна,но најбитно и во душа евтина (природна убавина)како што ја бог створил.Постои и Аристократска убавина која што е голема спротивност на евтинава или природнава убавина,која бара норми и правила на изглед,пр.порцелански тен,посебно држење на телото итн.Моабетот ми беше дека Убавината е голема тема за зборување но за мене евтина е исто со природна убавина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Чекај...дали те сфатив убаво?
Според тебе евтината убавина е исто што и природна убавина? Евтината убавина е нешто убаво?
Ти би го сфатила како комплимент?
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Чекај...дали те сфатив убаво?
Според тебе евтината убавина е исто што и природна убавина? Евтината убавина е нешто убаво?
Ти би го сфатила како комплимент?
Да,убаво ме сфати,ефтино не се мисла на роспија што ефтино се продава,туку на жена која не инвестира многу за својот изглед,Дали јас сум со евтина или природна лепота(по мене)хм,мислам дека ни јас а и па нема веќе такви женски створења,сите сме малку или повеќе со некои додатоци,шминки,пудри,вештачки нокти.....
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Да,убаво ме сфати,ефтино не се мисла на роспија што ефтино се продава,туку на жена која не инвестира многу за својот изглед,Дали јас сум со евтина или природна лепота(по мене)хм,мислам дека ни јас а и па нема веќе такви женски створења,сите сме малку или повеќе со некои додатоци,шминки,пудри,вештачки нокти.....
Јас поинаков став имам затоа те препрашав...јас евтината не ја поистоветувам со природна напротив...
Според мене вистинска убавина е баш таа природната она што го носиме во себе, да ги скриеме недостатоците, да ги истакнеме атрибутите...ама никако не би ја нарекла евтина...ама добро сите имаме различни гледишта....
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Јас поинаков став имам затоа те препрашав...јас евтината не ја поистоветувам со природна напроти..в...
Според мене вистинска убавина е баш таа природната она што го носиме во себе, да ги скриеме недостатоците, да ги истакнеме атрибутите...ама никако не би ја нарекла евтина...ама добро сите имаме различни гледишта....
Toчно така,но карактеристика за убавина употребувајќи го зборот ефтина немам сретнато ни прочитано ни слушнато,вероватно не е многу во употреба..........одев во размислување гледајќи контра на работата,ако има евтина има и скапа убавина,тогаш која би била таа скапа убавина?Изгледа во денешниов порочен свет,се што беше морално,нормално и природно.стана евтино.

Пред некој ден читав книга и една реченица ми остана во главата: Таа имаше некаква евтина убавина. И почнав да размислувам што значи тоа, како да ја замислам девојката од романот. После неколку дена другар ми спомна низ муабет Абе ајде, она има евтина убавина. Го прашав што значи тоа евтина убавина. Ми одговори дека според него, евтина убавина имала таа девојка која не се разликува по ништо од останатите девојки, као демек е сосем обична и почна нешто да филозофира. Едно девојче се вмеша и рече дека според неа евтина убавина имале момците кои секоја девојка можела да ги има. Демек зошто им е убавината, кога може секоја да ги има, евтини се.
Дали има некоја посебна дефиниција? Или секој си ја толкува евтината убавина различно? Ме интересира колку често вие се среќавате со овој збор или фраза, како и да е? Што подразбирате вие под евтина убавина и дали некогаш сте опишале некого со неа? Дали ако ве опишат со неа, би се навредиле или не? Дали е лошо да ве опишат со зборот евтино или важно е дека имате некаква убавина? :zelen
Навистина ме интересираат вашите мислења.
Незнам дали книгата си ја прочитал,но интересно би било ак можеш да ни кажеш нешто за таа девојка,како ја опишува писателот таа евтина убавина,се надевам дека си оформил слика за ликот?
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Незнам дали книгата си ја прочитал,но интересно би било ак можеш да ни кажеш нешто за таа девојка,како ја опишува писателот таа евтина убавина,се надевам дека си оформил слика за ликот?
Според мене, мислам дека е нешто до преводот на издавачката куќата, некако не ми оди на англиски cheap beauty (think) И не, да ти кажам не створив никакво мислење за неа. Прво вели нешто "по патот трчаше висока, празноглава девојка" океј, велам да не е ќелава?- во следната реченица се објаснува дека девојката има уствари долга руса коса :eek Потоа мислев празноглава да не е глупава, али излезе дека е мошне интелигентна. За евтина убавина конкретно, прво помислив на нејзините алишта да не се искинати/евтини што ти знам јас :^)
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Според мене, мислам дека е нешто до преводот на издавачката куќата, некако не ми оди на англиски cheap beauty (think) И не, да ти кажам не створив никакво мислење за неа. Прво вели нешто "по патот трчаше висока, празноглава девојка" океј, велам да не е ќелава?- во следната реченица се објаснува дека девојката има уствари долга руса коса :eek Потоа мислев празноглава да не е глупава, али излезе дека е мошне интелигентна. За евтина убавина конкретно, прво помислив на нејзините алишта да не се искинати/евтини што ти знам јас :^)
Празноглава девојка те асоцира на ќелава девојка??? :eek
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Евтина убавина е секоја убавина која може да се купи, без разлика дали станува збор за екстремно скапи третмани, силикони и сл. корекции, шминка, облека итн. или обична шминка купена од пазар. Сето тоа е секому достапно на некој начин (зависи од тоа колку можеш да си дозволиш). Го гледаш тој изглед на реклама, го посакуваш, го купуваш и го имаш. Тоа е евтино.
За разлика од евтината убавина постои и непроценлива убавина, а тоа е природната убавина која секој ја носи пред се внатре во себе, а потоа се манифестира и однадвор. Таа убавина не може да се купи за ниту едни пари на свет, бесценета е.