Торти, кекс и колачиња (наши слики)

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Овие бомбици мајка ми ги прави, се прават со бисквити, кокос, ораси и шербет. Сега гости имаме па друг пат ќе пишам рецептот.

Американски палачинки

please рецепт за бомбиците, мафините и американските палачинки :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
65108_465837300120838_1951476701_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis and Gemini

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Lepaa Чоколатцињата се слатки..
дај рецепт,ако не те мрзи па да ги испробаме:)

Не сум Lepaa ама имам еден рецепт за овие чоколатца. Се прават во тие силиконските калапи. Се топи чоколадо и најпрво калапите се премачкуваат со чоколадо и оставаш да се стрврдни чоколадото, а доколку не ти се чека можеш да ги ставиш во замрзнувач десетина минутки. Потоа се става тестото кое може секој да си го направи по свој вкус. Јас најчесто ставам бисквити, мелени ореви, малку капучино и шербет колку за да се соедини смесата. Можеш да си играш со состојките. Исто вкусно е да ставиш некое овошје внатре, како вишна, јагоди и сл.
На крај повторно се премачкува со чоколадо и повторно оставаш да се стврднат во фрижидер и кога ќе бидат готови ги вадиш од калапот. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
please рецепт за бомбиците, мафините и американските палачинки :D

сум изумила, ај сеа рецепт само за палачинките. Тефтерот со рецепти не знам кај е, дома е хаос се кречи. :D

Американски палачинки

Мерката е со 1cup,тоа е приближно 250мл, па чаша од 250мл ќе заврши работа.

1чаша брашно
1чаша млеко
1 јајце
прстофат сол
прстофат сода
1голема лажица шеќер

Прво со миксер го матам јајцето и ги додавам солта и содата, потоа лекото и брашното.
Пржењето тешко се погодува, треба на многу тивок оган да се пржат.

Еве и видео, да видете отприлика кога треба да ги превртите.

 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Тирамису мафини
sdc15592-jpg.1681




Me мрзи да пишувам што како треба затоа го поставувам видеото, само мерките ќе ги напишам.

За 12мафини

3лаж. инстант кафе
1/3 cup/шоља од 250мл зејтин/масло
2јајца
1cup/шоља топла вода
1 ½ cup/шоља брашно
1 cup/шоља шеќер
2лаж. какао
3лаж. млеко
прстофат сол
прстофат сода

за одозгора изматен шлаг или хопла со 2лаж. шеќер во прав, но и без шлаг се убави.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Lepaa Чоколатцињата се слатки..
дај рецепт,ако не те мрзи па да ги испробаме:)


Лена можеш да ги направиш од обично бело и црно чоколадо за готвење. Само растопи ги, ако сакаш можеш да му ставиш и ликер од вишни или евентуално некоја вишна ако ти се наоѓа од компот, мене така ми се прекрасни. Стави ги во обични корпички за колачиња и во замрзнувач да се здрви чоколадото и готови се. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Мала чоколадна фантазија,моите омилени мафини:)
Еве го рецептот со точна грамажа.
Суви состојки:
250г брашно
едно пециво
пола лажиче сода бикарбона
175г шеќер
ќесичка ванилин шеќер
2 лажици какао
150 г сечкана чоколада и плус 50 г за одозгора(знам и нешто плус да ставам)
Убаво се мешаат во длабок сад
Течни состојки:
250мл млеко
90мл масло
едно јајце
И овие состојки се промешуваат колку да се соединат и се мешаат со сувите, со маталка (миксер никако), колку да нема грутки ( а нема да има ако течните состојки се ладни).
Се ставаат во хартиени корпи во калап за мафини, се поросуваат со чоколадни парчиња одозгора и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути.Моите калапи се поголеми и ми излегуваат 11 парчиња,затоа правам дупла доза а ако имате помали излегуваат околу 16.
По желба може да поросите со шеќер во прав.

Отвори ја прикачената датотека 22289