Пред се, жалам за немилиот настан за детето што беше прегазено. Не би сакал ни еден родител тоа да го преживее.
Не ми е јасно, зашто се крена толкава фама, што е толку посебно во овој случај за разлика од другите?
-зарем во други случаеви немало идиоти и жртви?
Зашто не се крена толку прашина во случајот на Алачки? - а да, таму она "прописно" возеше, а жртвата постара личност беше... па работава ко му јебе матер.
- иако во тој случај има премногу шпекулации, сеуште не се знае точно кој бил шоферот!!!
Знаете ли каде е кретенот што објави видео како ја полива со пиво бабичката на пат некаде во Макдеонија?
- се крена фама 5 мин, колку да го приведат... сега пак некаде си игра ташак
Има уште премногу слични случаеви, ама да не им навлагам во архива на мвр, дека се е заташкано и прикриено, божем кријат информации за вистината на американците и нивната политика.
Пак ке кажам, жалам за младото дете, стварно жалам... ама дали сите вие што толку галамевте, се запрашавте кој е вистинскиот кривец за овој и за многу други вакви слични случаеви?
Ако не ми дозволи некој да напишам што сакам кога сакам и на која тема сакам, тогаш јас воопшто нема да пишувам на форумов...ама секој си има за свое право да напише што сака каде сака, само некој со повеќе, некој со помалку привилегии...исто како во државава.
Ме стопираат џандари(во Јаја Паша- каде што едниствен закон е немање закон), сакаа на сувозачот да му пишат казна дека немал појас. Покрај мене се тркаат, гледам на две полни си ги вртат колите како да се во својот двор, паркираат на сред улица, ама пак они се ок, а јас не смеам без појас да седнам позади волан, ни да возам повеќе од 50км на час или да застанам на 30сек зашто имам хитен повик. Кој го дозволува тоа? - тој е кривецот...
Ни јас , ни вие, не ги усвојуваме законите и не ги применуваме на сила подеднакво за сите.
Законите важат само за тие што важат...
Не е фер, да не е фер... ама наместо само да галамите, превземете нешто, нешто паметно... идете и превземете нешто масовно, во поголем број, со единство како што доликува, а не како пички само по форуми и на фб да се јаде г**на и само г**на... од јадење г**на има премногу гомнари во МКД, затоа и ке се појавуваат уште многу вакви имбецили со џипови.