Имањето мобилен, компјутер не е угодност, туку во денешно време потреба. Тоа што големите корпорации (Apple, nokia, Samsung) ја злоупотребуваат потребата и ја заменуваат со тривијални задоволства е сосема друга тема за разговор.
Тоа што викаш дека кафичите ни` се полни тоа е од една страна дека средната класа се` уште има да си приушти и си го грицка капиталот кој нивните родители им го обезбедиле. Некои креваат кредити, но тоа е само почетокот на онаа сиромаштија која тек допрва доаѓа и за која за жал ти можеби и не си свесна, како и оние што цело време се по кафичи и мислат дека лесно се заработува лебот насушен.
Болниците биле уредни, да. Систина, Ремедика, Филип 2ри за кои ти треба соодветна свота на капитал за да ти дијагностицираат основни здравствени проблеми. Отиди во градска, во клинички па ќе се судриш со реалноста.
Срамота е за твоите години кои ги имаш (веројатно си некаде крај на 4та декада) да ми кажуваш за здравството, кое пред 30тина години беше приуштливо буквално за секој, а денес е доведено до дереџе каде само оној кој има во џебот може да си го приушти. Зборам за основни проблеми, а да не почнам за нешто покомплексно како томографи, мамографи, CAT скенрери...
Туристичките агенции се преполни со понуди но се` помалку луѓе имаат пари за да отидат некаде така да истите тие агенции мораат да измислуваат ненормални попусти и пакети вон сезона само да егзистираат на пазарот. Порано и без нив, само да седнеш во автомобил ти можеше да ја прошеташ цела европа со еден единствен пасош.