Aбе види, и Тесла отишол со неколку центи во џеб во САД.
Така да оноа што го кажува(ле) постарите не е далеку да се повтори. Сегашниве постари особено тие родените од 60те и раните 70ти повеќето врска немаат и не знаат навистина што значи да немаш и забораваат а се чукаат во гради за некаков си патриотизам за кој нивните родители се бореле. Забораваат на сиромаштијата бидејќи самите горе доле се изразнати во еден сигурен систем. Такви биле околностите, разбирам. Но тоа што не разбирам е дека не можат да го прифатат сегашното моментално стање каде луѓе буквално умираат по болници од најбанални пропусти од лекари, хигиенски услови слични како оние земји од 3тиот свет, болести кои пред 20тина години се целосно искоренети а сега лека полека се враќаат... За образовниот систем и да не тресам затоа што бев личен сведок во 2та системи (оној стариот и подоцна болоњскиот) а да не зборам за оној кој денешниве деца во основно и средно го имаат и колку всушност е натрупан и се протрчува низ матерјалот а од тоа ништо не се запамтува. И не е тоа ради младинава што не сака да учи, има деца кои учат, чак што више има и оние кои имаат просек со 5.00 и навистина учеле ама забораваат после година две затоа што самиот систем ги тера да бидат бубалици а не да учат со разбирање. Или се премногу јаки или не се замараат. Во секој случај со тек на време појма немаат и се враќаат на почетокот.
За специјален кадар што се одлева тоа е само и само затоа што овдешниве етаблирани на столица не пружаат услови за таквот кадар да коегзистира во општеството. Ако не си со нив, секако дека си против нив. Или ќе работиш за нивната кауза, ќе плаќаш еден вид на индулгенции за да ти егзистира бизнисот/работата и ти се развие до одредена (не посакувана) точка, Или суморно ќе те гонат, тужат, казнуваат, рекетираат се до моментот или да се преобратиш или да го фатиш џадето.
One final remark, условите кои тие ти ги нудат стануваат се полоши и полоши. Тоа покажува една работа дека нивниот систем лека полека станува неефикасен (паразитите се толку напиени што ја немаат силата веќе да се помрднат од место) а се` помалку рекрути им се собираат во трлото што значи ќе дојде моментот кога самите себеси ќе се испоизедат, бидејќи нема веќе кој да работи за нив. Оној слоганот „последниот што ќе си замине, нека ја заклучи вратата кога ќе излезе“ е веќе се` појасен и појасен. Само некако јас би фрлил и неколку гас бомби, барем калакурницата што ќе биде внатре да биде побезболна.