Sid Meier's Civilization

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Муабет со едно другарче пред 10тина години:
- Брат, си ја играл некад Civilization?
на што следува еден поглед накриво и како од пушка
- Пер не зезај, секој ја знае играва, глупо е да прашаш.

За што всушност се работи...
Sid Meier's Civilization е излезена уште далечната 1991ва и е една меѓу првите turn based стратегии што излелге на пазарот за компјутерски игри. Во кратко: се работи за тоа како да изменаџираш една цивилизација со градење градови, освојување туѓа територија, економско менаџирање, (градење на инфраструктура и градби), дипломатија ... се` за да се достигне врвот - да се биде најдобар.
Класичната игра почнува од праисторијата како еден населеник (settler) со кој се основа првиот град. Како подоцна се развива цивилизацијата, тоа е избор на играчот. Се` што е клучно за да се знае е каде е добро да се основат градовите, со кои ресурси располага земјата, како и популацијата, богатството кое го акумулира и најважното - војската која ја гради. Иако првенствено најраспространет е концептот на доминација, секако има повеќе начини за да се победи во играта (cultural, diplomatic, space-race). И тука секогаш добро доаѓаат и светските чуда кои прават огромен бум (економки/производствен/културолошки, зависно кој) за цивилизацијата која ги има изградено и ги поседува.
Има уште многу многу многу за објаснување и верувам за дискусија околу играва.
Лично јас ги имам играно скоро сите делови (од I до V), зависно од оноа што го барам, ама сепак сметам дека 4ката е најдобрата, првенствено поради лесниот интерфејс. Сега гледам 5ката има поголема прегледност со еден вид на hexagrid и запазување на правилото дека еден јунит е буквално една армија на војници, што донекаде ми се допаѓа и тоа правило, но се` уште сум нов тука за да се навикнам за тоа дека не можам повеќе јунити во една коцкичка да чувам.
Дали некој тука ја има играно, или ја игра се` уште? Некои искуства, комични ситуации, моменти на слабост?
 
  • Love
Реакции: вован1

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Јас во мое време кога бев копиљ, а и постарите од мене знам дека ја игравме Red Alert ( и надградбата Yuri).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Alone in the Dark,Red Alert па покасно во мрежа игравме Counter strike и Generals итн, а цивилизацијата не сум ја играл и таа ли е стратегија??
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Alone in the Dark,Red Alert па покасно во мрежа игравме Counter strike и Generals итн, а цивилизацијата не сум ја играл и таа ли е стратегија??
Кантерот не е стратегија во никој случај. Иначе да, повеќе turn-based за разлика од Age of empires која е realtime. Ѕирни неколку клипа посебно од 4ката и 5ката.
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Кантерот не е стратегија во никој случај. Иначе да, повеќе turn-based за разлика од Age of empires која е realtime. Ѕирни неколку клипа посебно од 4ката и 5ката.


Само ги набројав игрите кои ги игравме,иначе знам дека кантерот не е стратегија.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Ја играв порано ама престанав и сега сум ја заборавил. Сега се префрлив повеќе на RPG i FPS игри, и спортски некои.
Секогаш кога ќе слушнам стратегија ми текнува на Age of Empires, добра е и Civilization треба да ја инсталирам пак. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
не можам да одредам дали IV или V е подобра.
Коа искочи 4ката реков дека ќе биде подобра од 3ката во секој поглед. Не погрешив.
Кога излезе 5ката го пробав демото и почнав да се нервирам поради драстичната разлика. После 2те експанзии еве се` уште сум во двојба дали 4ката да ја тргнам.
Мислам 4ката е во секој поглед врвот на целата франшиза иако 5ката има многу многу позитивни новитети. 4ката ти е од оние игри као ај ќе пуштам да се потсетам и после 3 месеци се глеаш и си викаш „да бе како вчера да беше“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
На 21 октомври пристигнува 6ката!!!
Еве неофицијален опис како отприлике би изгледало сето тоа.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Уште неполн месец од излагањето, а веќе одредени Јутјубери имаат можност да ја испробаат...
Damn, ко мало дете и` се радувам. :zelen