Државен испит за студенти

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
На факултет некаде по просек има по 10 смерови, факултети којзнае веќе колку има. Многу тешко е да се размисли кој ќе ги направи тие толку тестови и кој ќе ги оценува.

Ако поентата е да се филтрираат тие што заслужуваат високо образование постојат приемни испити, а не некој пред да земе диплома да го тестираш и да му кажеш „Е извини дечак ама џабе си трошел пари и време, нема диплома за тебе.“ затоа што полуписмени полтрони седат на министерски фотелји спроведуваат реформи во образованието. Што викаш да земат да ги тестираат и пред магистратура за да видат дали заслужиле да станат магистри, а? Онака ако феилне пред магистратура да му кажат „Извини дечак ама магистратура не е за тебе, џабе си трошел 1000+ евра.“
Ако некој не е за да заврши втора или четврта година има еден филтер кој замисли се вика „положување предмет“ и ако не положиш предмет не можеш да напредуваш и да земеш диплома.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Saladin

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Трошењето 1000+ евра е најмала казна за подарени оцени. И тој филтер што ти го викаш положување предмет со мои очи сум видел колку е ефективен дури и неуките го минуваат. Жими филтерот. Е сеа знам дека ќе кажеш а па овој филтер што е со тестирањата е ист. Епа бате Ване не е ист, тука има комисија која никогаш не им предавале на студентите и шансите да се подмитат и да се помине на таа карта „јас сум четврт братучед на професорот“ отпаѓа.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Која е поентата, да се отстрани подмитувањето? Завидувам на вакви логики „казни го студентот за професорот да не зема мито“.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Со ова се казнува и студентот и професорот, не знам колку си свесен дека со тоа се гледа и дека е надарена оцената и од кој професор, а студентот се казнува со тоа што мисли дека со пари ќе се помине факултет, па затоа парите како казна за него не претставуваат проблем. Завидувам на вакви логики „слушнав нешто ама не доразбрав“
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Пак прашувам, кој ќе ги оценува тие тестови? Самите наставници? Кој? Министерот? Велиш тој што не им предавал на тие студенти. Е кој е тој таков?
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
Се надевам дека не си сериозен. Кога полагаш возачки испит, инструкторот ли те тестира или посебна комисија? Не се секирај ти, ќе се направи комисија за секој факултет, тоа е најмал проблем.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Која е таа комисија која ќе оценува доктори на наука?
Ако сакаат да оценуваат факултети треба нешто и да вложат во нив. Мојот факултет пример нема видено државни пари. Лаборатории се одржуваат од нас студентите (не од пари од партиципација) и од проекти кои што ги прават самите професори. Зошто би ме оценувала државата ако не вложува во моето образование?
Дека ќе се одбегнат подмитувања мало морген. Да речеме Петко подмитил за положување предмет, како ваков тест гарантира дека ќе го открие? Ако сака ќе извади лекарска потврда дека не е способен да отиде на тестирањето. Ќе ги тестираат и пациентите за подмитување лекари?
Филтрирање на тоа кој заслужува диплома се прави на почеток, не на крај. Има кој да збори за квалитетот на факултетите, а тоа сигурно не се државни тестови.
 

Auditore

Староседелец
4 мај 2012
284
272
663
Wherever you want me to be
You gotta be fuckin kidding me. Државата не вложува во образовианието? Немам коментар, ако ти мислиш така тогаш нека е така, јас си имам друго размислување, само многу значење му даваш на ова. За еден обичен тест се дига галама кој може да се помине без тешкотии ако ти си учел континуирано. Само кравата која не може да дава млеко писка коа некој и го фаќа вимето.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не е бре проблем тестот, чинот е проблем. Да беше внатрешен тест на факултетите никој немаше да се буни. И не се зафркавам туку ти кажувам дека оваа влада нема денар дадено за мојот факултет. Во лабораториите опремата се одржува со пари од нас и од професорите, нова опрема стига како донација од фирми кои што вложуваат за да вработат кадар. Единствено што дава државата е плата за професорите и асистентите. И не е страв во прашање воопшто, зошто би се плашеле дипломирани и магистри кои што се противат на овие предлози?

Само македонче постојано ведне глава оти наведната глава сабја не ја сече.
 

alliiccee

Истакнат Член
28 септември 2014
11
6
103
На факултет некаде по просек има по 10 смерови, факултети којзнае веќе колку има. Многу тешко е да се размисли кој ќе ги направи тие толку тестови и кој ќе ги оценува.

Ако поентата е да се филтрираат тие што заслужуваат високо образование постојат приемни испити, а не некој пред да земе диплома да го тестираш и да му кажеш „Е извини дечак ама џабе си трошел пари и време, нема диплома за тебе.“ затоа што полуписмени полтрони седат на министерски фотелји спроведуваат реформи во образованието. Што викаш да земат да ги тестираат и пред магистратура за да видат дали заслужиле да станат магистри, а? Онака ако феилне пред магистратура да му кажат „Извини дечак ама магистратура не е за тебе, џабе си трошел 1000+ евра.“
Ако некој не е за да заврши втора или четврта година има еден филтер кој замисли се вика „положување предмет“ и ако не положиш предмет не можеш да напредуваш и да земеш диплома.

сите заслужуваат високо образование и тоа неможи некој да го забрани....Ама дефинитиво треба да се воведи ова екстерно оценување за фер оценка....и јас сум студент и знам како е кога имаш испишано буквално цела испитна тетратка....излегуваат резултати а ти гледаш дека немаш положено, одиш на консултации и професорот ти кажува дека не е доволно за да положиш. Е каде е тука логиката....дефинитивно едно големо ДА за екстерното....а ти ако си решил да завршиш високо образование неможи да те спречи едно екстерно. Како што се спремаш за испит истото ке спремаш и за ова па така да незнам бе шо ве плаши толку......барем нема да има бели и црни овци овај му бил внук ке положи а овај другиот пошто еден месец си ја тупи главата ке го казниме па нека плати за пак да полага...море не нека си презапиши предмет професорот така појке пари ке земи