Лесно е кога децата ќе поодраснат и ќе им објасниме дека не постои дедо мраз,дека тоа сме биле ние родителите,кои сме ги дарувале со поклони оти биле умни.....лесно е и кога децата ќе не прашат како се прави бебе,туц-муц ќе објасниме некако,но ајде на помош сега да ми кажете како и на која годишна возраст треба да му ја објаснам на детето религијата,да му кажам кој е Господ,кој се Ева и Адам.Како да му објасниш на детето што има родители верници за единствениот творец на овој свет? Прашање е дали детето ќе се збуни од објаснувањата или пак од другарчето чии родители се атеисти и нема да го замараат со религија и божји заповеди. Како да се почне "обука"за верата од родителите на децата?