Кога човек не знае што сака, сака се да проба.
Кога човек знае што сака, тогаш се стреми да го добие, го чува и се труди околу истото.
Оној што изневерува е слабак. Човек кој нема свое јас, човек без достоинство и без благодарност.
На секој може да му се случи да згреши во проценката на прв поглед, но за тоа да биде свесен дури после неколку години. Единствениот спас е да се стави крај на промашената врска, а не да се лекува душата преку уште една грешка.
Сметам дека кукавичкото швалерисување е бедно и неблагодарно.