Со многу од девојките со кои отворено сум разговарал на темава, сум добил негативен одговор. Па, затоа слободно може да кажам дека ова не е потполно точна информација. Иако, мора да признаам дека тоа не беше случај и за порано, т.е во времето кога јас бев млад. Бидејќи тогаш, во периодот на комунизмот, девојките не ги уживаа истите финеси како денес. Затоа што тоа беше таков систем на уредување кој навлегува во сите општествени пори. До тој степен, да детерминира ничиј начин на живот. И, тоа главно преку наметнетнување на такви конзервативни ставови, за кои денес се испостави дека не се ништо повеќе од ''едукација'' у ќор сокак. Па, така на наша голема среќа, за разлика од тогаш, денес девојките се за степен по слободоумни, барем овде во градот и не се врзуваат за баналности од тој тип. Од друга страна, за малите провинциички не можам да тврдам истото, од причина што сметам дека таму сеуште слепо се служи на типичните закоравени традиционални методи кои си земаат за право да го ''открпуваат'' хименот на една просечна македонска девојка.