Убаво вака слики што сте постирале, но тоа не кажува ништо за градот.
Се убаво, ми се допаѓа тоа што е релативно мирно место за живеење, ефтино, сеуште постојат гостопримливи луѓе, мало и удобно гратче. Но каде се другите работи?
Јас нема да хејтам многу зашто стварно не е фер
Искрено стариот плоштад ми беше многу поубав од овој, можеби затоа што имам спомени од детството таму, или пак затоа што фонтани и мали замислени антички театри делуваат малку кич. Во ред е да се модернизира градот јас оправдувам се и сешто, само оваа замисла за плоштадот не ми се допаѓа. Да не го тупам јас за плоштадот ќе кажам ете дека за реновирањето на кејот имам само позитивни критики.
Малку за луѓето.
Во последните две-три години цела помлада генерација е затуцана по кафани и биртии, на пејачка, салата и ракија и мене тоа ми е навистина многу жално. Уште по жално е што кавадаречката (О)младина критериумите за добра забава ги има спуштено на едно така ниско ниво, што едни аматери од музичари со репертоар од 3 песни можат да им остават впечаток дека "растуриле''.
Се помалку има седенки со гитари, пиење утринско кафе во Бриони додека уживаш во прекрасниот парк, каде залутаните исплашени погледи од верверичките те прават уште по среќен, посета на излетничките места ДУРИ и тогаш кога не е 1 Мај, слободна прошетка до костурницата без да ти е страв да сретнеш некое џанки... Ми недостига сето тоа, но како што забележувам заменето е со 5 часовно дремење во некоја кафана, или пиење кафе 2 саати во некој кафич затоа што друга идеја за забава и не постои.
Убав град ни е Кавадарци - луѓето не чинат.
Раздвиженост се забележува во Септември кога се одржува манифестацијата Тиквешки Гроздобер. Е тогаш градот се буди од мртвите и позитивната енергија струи низ воздухот. Многу сум сигурна дека за таквата енергија е заслужен алкохолот.
Во последните чинам две години се одржува и Т'к Так Фест во чест на Трајко Каров, каде младите имаат можност да се забавуваат со бендови од Македонија. Но, слабо народ слабооо. Кој сака да слуша Мизар или Ареа, стари или некои добри нови рок бендови? Нормално, поинтересно е на певаљка во кафана, на DJ во некој кафич или дискотека. И така се по ред.
Изгледам како многу револтирана од сето ова, но реалноста е таа. Знам дека ова постои во секој град, но јас лично многу се нервирам па морав да пишам.
Ве чекам на собиранка
П.С За да не биде се толку црно во мојот пост еве ви малку да се насмееме:
Кавадаречки речник:
1. Здраво колега,одамна не сме се виделе.....Кај си бе да те е..м
2. Паднав.....Се еба се срина.
3 .Навистина?..... Шо лафиш бе?
4. Не се согласувам со вас.....Не е така таа
5. Јас не се согласувам по ова прашање.....Кој ве е*е сите
6. Која функција ја има господинот ?..... Кој к*р фактор е он тука?
7. Господинот е многу образован..... Он е голем пе*ер
8. Вашата секретарка е многу љубезна..... Ја е... ли ти оваа бе ?
9. Ќе ве молам излезете..... Ај, гитла од тука
10. Не сме заинтересирани за реклама..... Кој к*р ќе ни е нас реклама
1. Како е на кавадаречки жолто ?
- Ж'то.
2. Како е многу жолто ?
- Ногу ж'то.
3. Како е многу многу жолто ?
- Ногу ногу ж'то.
4. Како е многу многу многу жолто ?
- Ж'то у п...у матер.
гром удари - м'ња м'сна
направи го - онади го
туѓинец во ноќта - јабанѓија у никое време
сунчане скале - лесвица на припек
Никола Тесла - Коло прашалката
жолт, долг волк - ж'т, д'г, в'к
ве молам - не се прави п***р
вие се шегувате со мене - ама ти си го ладиш со мене изглеа
почнав да перам облека - курдисав алишта да перам
имаш земјоделска убавина - ѓоа мотика си у фацата
тргна - киниса
тргна работата - киниса да курдисуе
туркам - чуркам