Значењето на жената

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Абе не мора, ете и јас сум го немал тоа предавање на часовите, па ме интересирало засебно да го проучам. Фала богу денес достапноста на матерјали за оваа проблематика ти се на неколку клика.
Навистина би сакала да прочитам или ако ти знаеш,во кратки црти да ми го објасниш збиднувањето,се разбира ако си расположен.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Жената не е совршено суштество,ниту некогаш ке биде,но на сегашново ниво на развој жената е сигурно подобро решение од мажите.Мажот кој цел живот ја потиснувал жената,малтретирал и понижувал,е посилниот пол,на кој целата сила му е сконцентрирана во неговите раце,но значајна е улогата на жената која во добра мера влијаела на донесување на одлуки.Мажот делува директно,а жената индиректно.Штетата што мажите ја прават со својата сила може да се мери со милиони човечки животи и на жалост тој број само се зголемува.Жената е мајка,сопруга,нежна и храбра,промислена и најбитното не е ратоборна.Мажот се бори за територии и богатство,додека жената ја интересира само здравјето на блиските,да имаат храна и нега,да биде чисто,и тоа е нејзината теритирија за која се бори и ја брани.Кога би бил светот предводен од жената би немало војни,силовања,педофили,педери.Во затворите од затворениците 90% се мажи.

Историјата друго кажува, Викторија од Хановер, позната како кралица на Британската Империја повела повеќе војни од Хитлер, Сталин и Мао заедно, освојувала земји по Африка, Азија, Океанија и Централна Америка, ја имала најголемата империја во историјата на човештвото (1/4 од земјиното копно и скоро неограничена власт на светските мориња) во нејзино време се десил геноцидот во Ирска, масакри во Ј.Африка а концентрационите логори прв пат се измислени за време на втората Бурска војна (и тоа логорашите биле белци).

Индира Ганди наредила да се уништи најсветиот храм на Сиките, Златниот храм во Амритсар, тоа за сиките е нешто како некој да нареди да се нападне Св.Петар во Ватикан за католиците, во нејзино време Индија тестирала атомска бомба and so on, Маргарет Тачер (Северна Ирска, Фокландите, Ирак) и многу други примери...

Кога се работи за власт, пенис или вагина е само небитен детал...

Значењето на Жената е огромно,Таа го "чисти хаосот што го прават мажите".Држава може да ја споредиме со куќа,и ако во неа нема домакинка да среди,исчисти,зготви,нарани,помилува,организира,ке биде хаосот како што е сега.

Не мора да се докажуваме,и така ке одиме јабана еден ден од некоја нуклеарка што ја измислиле МАЖИТЕ

А правосмукалки, машини за перење, машини за садови, пегли, сушилници, детергенти, прашоци за перење, рерни, шпорети, фрижидери, миксери? Се` е тоа измислено од мажи :zelen

@diva orhideja
Не заборавај дека зад секој успешен маж стои жена.:zelen
А ова околу војните,не ми се верува што читам.
Зарем немаш изгледано некој историски филм околу војните?
А и сама убаво напиша,мажот делува директно а жената индиректно.
Истото важи и за војните.Во позадина скоро на секој маж,,буцкалото,,ежената.
Да да,знам,и јас сум жена ама тоа е вистината.:D

Зад секој успешен маж стои жена која тврди дека зад секој успешен маж стои жена :zelen
Зад Никола Тесла и Исак Њутн којзнае кој стоел, чунки биле асексуални :rofl
 
Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Жените и мажите треба да имаат исти права, но не и обврски
 
Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Мислев на тежината на работните обврски што треба да ги извршуваат. Знаеме потешките работи се за мажите, полесните за жените. Пример една згодна пеес килограмка неможе да ги работи градежните работи. Неможе брадест дебел човек да работи у салон за убавина :)

Не велам дека жената само треба да ги извршува домашните обврски и да ги чува децата, а мажот да носи пари дома. Секој треба да се пронајде во работата што го исполнува и што ке донесе парче леб во куќата.

А и ние мажите треба да имаме еден празник како што е Осми март. Полова рамноправност нели.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кај психопатите е чудно, многу повеќе се` мажи него жени, зошто е тоа така не е познато, е сега има примери како Ержебет Батори и тие ствари ама се поретки од машките еквиваленти. Ама кога се работи за моќ, пенис или вагина ти е исти курац сине...
Но мора да се напомене дека насилниците, манијаците, психопатите, политичарите и криминалците се обожавани од страна на жените со што станува збор за compliance. И тоа е мистерија (think)

Јас сум за тотална еднаквост:zelen, имам слушано причи дека мажите биле привилегирани по светот, зошто да не може некоја да работи градежно? Во времето на раната индустриска револуција, жени оделе по рудници чунки им плаќале дупло помали плати и помал трошок за капиталистите арно ама и умирале дупло побрзо ради освоената `машка привилегија` да слегуваат во рударско окно и да копаат јаглен на 500м под земја... покасно испаднало дека продуктивноста им е помала а и смртноста голема па со тек на време престанале да примаат жени по рудници...
Или кај Верден, да праќале бранови женска пешадија пред устите на Шпандау М.07 - 7,92мм митралез и гранати од хаубици од 150мм кои во себе содржеле иљадници гелери кои при експлозија правеле јака забава на 50м радиус. :zelen
 
Последна промена од модератор:

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кај психопатите е чудно, многу повеќе се` мажи него жени, зошто е тоа така не е познато, е сега има примери како Ержебет Батори и тие ствари ама се поретки од машките еквиваленти. Ама кога се работи за моќ, пенис или вагина ти е исти курац сине...
Но мора да се напомене дека насилниците, манијаците, психопатите, политичарите и криминалците се обожавани од страна на жените со што станува збор за compliance. И тоа е мистерија (think)
Каде го најде податокот дека жените обожаваат манијаци,психопати,криминалци?Низ историјата поминале и оставиле легенди десетина жени,а ние зборуваме за жената како плашливо но храбро створење кога станува збор за фамилијата,за жена што не може да прави масакри,да пролева крв како мажите,да силува и убива мали невини деца пред очите на мајката.Машкиот пол како да е створен за тепачки,не се згрозува од грозоморни дела,попрво ке се степа него ли културно да ја реши работата.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
А интересно како голем дел од женскава популација гордо го споделува она „Што може жената со смеење, мажот не може со плачење“ и „Кај што може жената, не може ни ѓаволот“...некако ептен се коси со текстовите што ја опишуваат ко кршливо совршенство (иронично, споделувани од истите што се гордеат со погорните изреки)...ah, well. :zelen
А и ние мажите треба да имаме еден празник како што е Осми март. Полова рамноправност нели.
Го имате, на 19ти ноември е, ама не ви купуваме вратоврски, нит ви организираат прослави по кафани-ни-ни-ни. :D Биказ еднаквост.
Каде го најде податокот дека жените обожаваат манијаци,психопати,криминалци?Низ историјата поминале и оставиле легенди десетина жени,а ние зборуваме за жената како плашливо но храбро створење кога станува збор за фамилијата,за жена што не може да прави масакри,да пролева крв како мажите,да силува и убива мали невини деца пред очите на мајката.Машкиот пол како да е створен за тепачки,не се згрозува од грозоморни дела,попрво ке се степа него ли културно да ја реши работата.
Баш психопатите се оние кои најлесно може да привлечат типична жена, желна за внимание, ѕвезди и комплименти за нејзиното значење. :giggle
Тед Банди, најпознат пример. Харизматичен, интелигентен, заводник, силувач, убиец и некрофил. Жртви: 30+.
Океј, секоја чест на оние што рака во оган ставаат за фамилија, но стануваат сѐ поретки. Наместо тоа, почести се натпреварувачките за престиж, манипулација и трепкање со очиња, а од тие жени претежно се пишувани и мудростите ко приказната во воведот, чинам.
За болдот, помисли на оние илјадници жени кои моментално тренирaат во некоја од базите на блискиот исток.
Подеднакви чудовишта може да бидеме, жените само имаат полукави начини и мажи да ги завршат работите наместо нив на карта на физичка сила.
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
А интересно како голем дел од женскава популација гордо го споделува она „Што може жената со смеење, мажот не може со плачење“ и „Кај што може жената, не може ни ѓаволот“...некако ептен се коси со текстовите што ја опишуваат ко кршливо совршенство (иронично, споделувани од истите што се гордеат со погорните изреки)...ah, well. :zelen

Го имате, на 19ти ноември е, ама не ви купуваме вратоврски, нит ви организираат прослави по кафани-ни-ни-ни. :D Биказ еднаквост.

Баш психопатите се оние кои најлесно може да привлечат типична жена, желна за внимание, ѕвезди и комплименти за нејзиното значење. :giggle
Тед Банди, најпознат пример. Харизматичен, интелигентен, заводник, силувач, убиец и некрофил. Жртви: 30+.
Океј, секоја чест на оние што рака во оган ставаат за фамилија, но стануваат сѐ поретки. Наместо тоа, почести се натпреварувачките за престиж, манипулација и трепкање со очиња, а од тие жени претежно се пишувани и мудростите ко приказната во воведот, чинам.
За болдот, помисли на оние илјадници жени кои моментално тренират во некоја од базите на блискиот исток.
Подеднакви чудовишта може да бидеме, жените само имаат полукави начини и мажи да ги завршат работите наместо нив на карта на физичка сила.
Јас и на почетокот кога почнав да кажувам за значењето на жената,реков дека Жената не е совршено суштество,ниту ке биде,но подобро решение е од мажот.Не се согласувам дека можеме да бидеме подеднакви чудовишта,сеуште се плашиме сами да одиме во темница а камо ли глувче да ни пројде одма врескаме.Итроштините ги имаме оти работиме повеке со мозок отколку мажите.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Јас и на почетокот кога почнав да кажувам за значењето на жената,реков дека Жената не е совршено суштество,ниту ке биде,но подобро решение е од мажот.Не се согласувам дека можеме да бидеме подеднакви чудовишта,сеуште се плашиме сами да одиме во темница а камо ли глувче да ни пројде одма врескаме.Итроштините ги имаме оти работиме повеке со мозок отколку мажите.
Жити мајка, како одреди дека жените повеќе работат со мозок од мажите? Отвори листа нобеловци од област наука и повтори го тоа што го пиша. Отвори листа научници кои дале придонес и повтори го ова. Твоево излезе човекот е најпаметното суштество ама женскиот род е попаметен од машкиот ерго жените се најпаметни на планетата. Не велам дека се мажите попаметни од жените, воопшто сум против генерализации од тој тип.
Друго, ако тебе ти е страв да преминеш улица во темно и скокаш од глувци не е во ред да препишеш на цел род такви карактеристики.