Километарско оро Охрид-Струга

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Воодушевена сум со идејата за ваков интересен настан и обид за влез во Гинисова книга.Тоа навистина ке биде настан за паметење,дружење и забава каква не сме имале одамна.Што мислите за едно вакво разиграно оро за дружење без препукувања и изигравање умни глави во Скопје на пр.од Аеродром до Матка?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Ако можеш објасни ми зошто?Нели е убаво малку да се стане и да се одвоиме од овие екранчиња и да се дружиме на отворено небо.
Затоа што не мислам дека километарско оро е добра идеја.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Одма мислите на парите, одете, можи ќе се фатите за некоја слободна и разиграна жена. :SeCuvstvuvaVozbudeno:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не знам зошто ама цела таа фама околу Гинисовите рекорди ми е толку глупава па тоа е чудо едно...
Мислам ... рекорд во најголема пастрмајлија, најголема перница, најмногу посни сарми, најмногу сварен грав (facepalm), па сеа па и оро ...глупости живи...и што дека ќе се запишат во Гинисовата книга?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Не знам зошто ама цела таа фама околу Гинисовите рекорди ми е толку глупава па тоа е чудо едно...
Мислам ... рекорд во најголема пастрмајлија, најголема перница, најмногу посни сарми, најмногу сварен грав (facepalm), па сеа па и оро ...глупости живи...и што дека ќе се запишат во Гинисовата книга?
Едно неможе да ми биде јасно,зошто секое мислење од старт се минира,се вреѓа.Значи дека ништо не сакате ново да пробате,освен да се јаде бурек на форумиве,кои на жалост од такви и пропаѓаат.Ако е форумов за лајковање на мачиња и кучиња,колички и патичиња не е ни чудо штоне функционира.Можеш убаво да се изјаснеш дека не ти се допаѓа идејата поради ова или тоа,да кажеш што би била подобра интересна идеја,и да можеме сите нормално да конверзираме.На човек страв да му е да праша нешто бидејки одма ке биде исмеан или ке се обидат да те направат проста,малоумна па дури и дека не се познаваш сама себе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Coci8

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Едно неможе да ми биде јасно,зошто секое мислење од старт се минира,се вреѓа.Значи дека ништо не сакате ново да пробате,освен да се јаде бурек на форумиве,кои на жалост од такви и пропаѓаат.Ако е форумов за лајковање на мачиња и кучиња,колички и патичиња не е ни чудо штоне функционира.Можеш убаво да се изјаснеш дека не ти се допаѓа идејата поради ова или тоа,да кажеш што би била подобра интересна идеја,и да можеме сите нормално да конверзираме.На човек страв да му е да праша нешто бидејки одма ке биде исмеан или ке се обидат да те направат проста,малоумна па дури и дека не се познаваш сама себе.
Каде виде некој тебе лично да те исмева? Каде виде некој да те прави проста, малоумна и незнамтиуштешто? Не знам зошто не можеш да прифатиш дека некој едноставно не се согласува со тебе и толку. Јас не гледам некој да напише „diva orhideja е глупава, проста, малоумна и ај сеа сите да и` се смејте.“ Еве мене не ми изгледа убаво таа идеја, особено па не ми звучи убаво тоа со гинисовите рекорди. Ако тоа тебе те навредува и те прави да се чувствуваш омаловажена и навредена тогаш јас не можам ништо против тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: $3Я3|\||)&p&†Y

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Не знам зошто ама цела таа фама околу Гинисовите рекорди ми е толку глупава па тоа е чудо едно...
Мислам ... рекорд во најголема пастрмајлија, најголема перница, најмногу посни сарми, најмногу сварен грав (facepalm), па сеа па и оро ...глупости живи...и што дека ќе се запишат во Гинисовата книга?
Напишав коментар па отпосле видов дека се вклопил со твојот.
Да,се сложувам,вештачки изведени рекорди не се нималку интересни.
Јас мислев дека има некаков критериум како и на кој начин се вметнуваат тие рекорди ама по се изгледа нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy