Кој искусил на своја кожа, знае.
Tell me 'bout it.
Ајде да видиме:
Прво треба да имаш земја, ако ја немаш треба да ја изнајмиш.
Таа земја треба да се изора барем два пати. Истата треба да се израмни. Имаш прскање. Наводнување. Спремање расади за истите, покривање, курци-палци. Садење на културата, зависи како, машински/рачно. Копање, ова она, собирање на културата. притоа додај и временски услови. Еден час град може да ти по*бе нешто што си рмбал неколку месеци. Ако помогне времето, откако ќе ја собереш културата треба да ја подготвиш за пласман и откуп. Е тука веќе има нервоза, ти го земаат за некоја смешна цена. И потоа со тие пари пресметај се што си потрошил, и види дали би преживеал со тоа што ќе го заработиш откако ќе платиш давачки кон државата, башка нафти, репроматеријали. На крајот државата ќе ти даде некоја субвенција откако ќе те соголи при откупот.