Каква фризура сте имале како деца?

*Маја

Истакнат Член
28 октомври 2013
23
7
103
Каква ви беше косата како мали? Кратка, долга, права, со локни, со смешни опашки? :)
Ако сте дете од '80 и '90 сигурно сте ги носели сите оние шарени шноли, ластичиња за кики, венчиња... барем девојчињата.
На која фризура најмногу и се смеете и не би сакале да ви се случела? :D
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Овие шноли беа хит нели тоа време, па се со вакви ми правеа фризури.
butterfly_clips_large.jpg

Кога идеш им се мрдаат крилата :D

И вака најчесто ми ја правеа фризурата. Такви дури и десет праменчиња фатени наназад.
90s-fashion-06.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Никогаш нема да ја заборавам мојата ирокеза во 3.
Татко ми ја испроба својата креативност на мојата глава.И таква со бело фустанче,чорапчиња до колена и роза сандали и нормално панкерска фризура се избацив во школо. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Prashina

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Јас сум специјалист кога се во прашање глупи фризури. Ретко во животот сум имала убава фризура.
Да речеме дека се' уште сум (полу)дете.
Минатото лето баба ми реши да ми направи “преубава“ фризура.
Ми ја скрати косата толку многу, што дури ми се креваше нагоре како на Вегета од Драгонбол. Како чадор бев во главата.
Ми ја скрати косата...(:|
Ми го скрати и животот. И самодовербата,
Но што да се прави?
А јас природно имам бушава коса, па на сите страни ми летаа прамени, вклучувајќи и нагоре.
Туку ајде, ми порасна косата. Сега личам на нешто.

Кога бев некаде 5-6 години самата си ги скратив шишките.
И тоа баш онака цик-цак. Како лоша самовила од некој цртан филм бев. Многу јака фризура.
Кога ќе се појавев сите се смееја. А потоа велеа „многу убава фризура имаш, Квин, многу си модерна“
Мајка ми за да се оправда се смееше како ненормална,
Знаете, оној момент кога не ви текнува што да кажете, па се смеете како забегани.:nah:giggle
 
Последна промена:

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
2760-5456.gif


Е вака исто, ова беше врвот. Среќа малечка многу сум била па не влијаеше многу на мојот живот за да би лечела трауми хехехе
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Јас до 2-3 одделение имав долга коса до гзот. Секој ден наутро пред школо ми ја правеше мајка ми во една дебела плетенка, со 4-5 ластичиња и плус уште толку шнолички на остатокот од косата. Абе мука, пола саат секое утро правење. :zelen Па после решивме да ја кратиме и за последен пат направивме таква плетенка и оп... плетенката се скрати и знам дека долги години ја чувавме. :giggle После тоа фурав венче.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Јас сум си имала долга коса ,но после еден одмор сум фатила вошки од едно девојче и од тогаш ме шишаа шлемче фризура(за да биде лесна за одржување) како насликава... само и шишките напред.Многу слатко ми стоела,замислете си мало девојченце со плави очиња и шлемче :D
avg27-frizure.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Јас до забавиште имав некоја си машка фризура и се сеќавам цела генерација имавме таква. По малку не се разликувавме од машките на училиште ама нема везе... Еднаш на улица, не сретнуваат познанички некои на мајка ми, и се сеќавам на муабетот: И двете деца ти се машки? Да се здрави и живи (smoke).
Кога тргнав 1во одделение имав подолга коса, жица фриз па после фативме вошки цел клас и ајде пак кратко :place. Уствари вака кога ќе размислам јас пола живот како машко сум изгледала. За грев...
Е после тоа си ја пораснав, едно време слободно можев да кажам имам долга коса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and TheQueen