Баш напротив, средношколците имаат бесплатен градски и меѓуградски превоз, имаат бесплатно школување (ние на времето плаќавме партиципација по 1200 ден. секое полугодие), бесплатно сместување во интернати и уште куп бенифиции. Од друга страна студентите (ова зборам за УКИМ, за другите врска немам ни дали имаат нешто слично) единствено што добиваат е некаков си попуст од 50% за одредени културни настани (да се разбереме, не сите. Обично за некои концерти на МФ се даваше попуст, за одредени филмови и сл. чии што организатори направиле соработка со УКИМ) кое што и не е попуст затоа што при упис на година плаќаш за ИКСА на УКИМ (ИКСА = Информативни, Културни и Спорстки Активности).Се бара само рамноправност. Нели сите сме исти пред државата. Или средношколецот не вреди во очите на политичарот, заради тоа што не може да гласа*. Дали повеќе вреди пензионерот или работникот кој оди на работа. Јас велам дека исто вредат. Само едните се повластени. Или нека плаќаат сите исто, или нека не плаќаат сите.
*Поправете ме ако средношколците во Скопје не плаќаат оревоз заради проектот секое дете со средно училиште.
Јас стварно неам ништо против да им се дозволува на пензионери и средношколци бенефиции, ама да ни дадеа и на студентите по нешто. Еве не мора многу, нека биде образованието бесплатно. Превозот ќе си го плаќаме сите и никој нема да каже ништо ако ова го оствари некој.